САД воведоа санкции за ќерката и синот на Милорад Додик и нивните компании

t

САД денеска воведоа санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост.

„Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување“, објави американската амбасада во Сараево.

Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“.

Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и фирмата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик.

Министерството за финансии на САД денеска објави дека се воведени санкции за „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и за други поединци и ентитети поврзани со него, пренесе Бета.

Милорад Додик претходно беше на американската „црна листа“ поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.

Додик е под санкции и на Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…