Објавено на:

САД воведоа санкции против шест субјекти од Хонг Конг и Кина поради соработка со Иран

t

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест субјекти со седиште во Хонг Конг и Кина поради наводите за вмешаност во синџирот на снабдување за производство на ирански беспилотни летала.

Американското Министерство за финансии соопшти дека ентитетите биле ангажирани во набавка на компоненти за беспилотни летала (UAVs) во име на иранската компанија Pishtazan Kavosh Gostar Boshra (PKGB) санкционирана од САД и нејзината филијала Нарин Сепер Мобин Исатис (NSMI), пренесува Ројтерс.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се додава дека овие фирми се клучни добавувачи на иранските програми за производство на UAV и балистички ракети.

„Иран продолжува да бара нови начини за стекнување на клучни компоненти потребни за зајакнување на неговата програма за воени беспилотни летала преку нови компании од трети земји. Министерството за финансии останува посветено на попречување на шемите што му овозможуваат на Иран да испраќа смртоносно оружје на своите терористички сојузници во странство и другите дестабилизирачки актери“, изјави денеска американскиот министер за финансии Скот Бесант.

Ројтерс сè уште не добил коментар ниту од ПКГБ, ниту од НСМИ, ниту од иранската мисија во Обединетите нации, ниту од кинеската амбасада во Вашингтон, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Рубио: САД ја повикаа Москва да размисли…

Вашингтон разговараше за територијални отстапки со Киев,…

БОМБА ОД РУБИО: УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ЗА…

Украина е подготвена за прекин на огнот,…