САД започна со обука на украински пилоти за управување со Ф-16
Двајца украински пилоти пристигнаа во базата на американските воздухопловни сили во Аризона. Како што пренесува NBC, повикувајќи се на двајца конгресмени и висок функционер, американската војска ќе процени колку време е потребно за да ги обучи да управуваат со воени авиони, вклучително и и Ф-16, за кој Киев бара испорака. Подоцна во март, на првите двајца ќе им се придружат уште 10 пилоти, објави Москва тајмс.
Пилотите ќе користат симулатор кој го имитира летот на различни типови на авиони.
Заменик-министерот за одбрана Коли Кал неодамна изјави дека обуката ќе трае година и половина. Но, според други претставници на Пентагон, тоа би можело да биде речиси двојно пократко, помеѓу 6 и 9 месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…