Објавено на:

САД и Велика Британија ги повикаа нивните граѓани итно да го напуштат Либан!

t

Амбасадата на САД во Бејрут и британската Влада денеска ги повика своите граѓани да го напуштат Либан, поради страв од судир меѓу Израел и либанското движење Хезболах.

И покрај суспензијата и откажувањето на летовите за Бејрут, „комерцијалните опции за летови за напуштање на Либан остануваат достапни“, се наведува во соопштението на американската Амбасада.

Ги охрабруваме оние што сакаат да го напуштат Либан да резервираат кој било достапен билет, дури и ако тој лет не е веднаш спроведлив или не ја следи рутата по нивен избор, се додава во соопштението.

И британската Влада денеска ги повика своите граѓани во Либан веднаш да ја напуштат земјата поради страв од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах и поширок регионален конфликт.

Тензијата е висока и ситуацијата може брзо да се влоши, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Додека продолжуваме да работиме на зајакнување на нашето конзуларно присуство во Либан, мојата порака до британските граѓани таму е јасна – заминете веднаш“, се додава во соопштението, пренесено од француските медиуми.

Убиствата на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во средата, за кои е обвинет Израел, и на високиот воен командант, Фуад Шукр, во предградие на Бејрут во израелски напад, ја зголемија опасноста конфликтот да ескалира во сеопфатна регионална војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…