САД и Кина се договорија за царините
САД и Кина, според САД, постигнале договор во резговорите за решавање на трговските спорови – и со тоа можен пробив во застојот во трговскиот конфликт. Постигнат е договор за намалување на трговскиот дефицит на САД, вели американскиот трговски претставник Џејмисон Грир. На заедничкото појавување со американскиот секретар за финансии Скот Бесент, Грир зборуваше во Женева за „договорот кој го постигнавме со нашите кинески партнери“. Деталите ќе бидат објавени во понеделник. Според кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, постигнат е „значаен напредок“. Двете страни се согласија за механизам за консултации за трговските прашања. Тој треба да овозможи „редовни и нередовни разговори за трговски и економски прашања“, рече трговскиот претставник на владата во Пекинг, Ли Ченганг.
Договорот, според Бесент, ќе придонесе за намалување на дефицитот на САД во меѓународната размена на стоки од неодамнешните 1,2 трилиони долари. Во дводневните преговори беше постигнат „значаен напредок“. Американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за текот на разговорите. Трамп отсекогаш тврдеше во минатото дека САД имаат трговски дефицит со Кина од трилион долари или повеќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…