САД и Русија ќе ја убедуваат Турција да не презема нови воени дејствија во Сирија
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера телефонски му рекол на турскиот колега Хулуси Акар дека „остро се противи“ на нова турска воена операција во Сирија и изразил загриженост поради ескалацијата на ситуацијата во земјата, соопшти прес-службата на Пентагон. И Русија пред една недела се обиде да ја убеди Турција да не ја напаѓа Сирија.
Остин изрази сочувство за терористичкиот напад што го потресе Истанбул на 13 ноември.
Тој, исто така, изрази загриженост за ескалацијата на непријателствата во северна Сирија и Турција, вклучително и неодамнешните воздушни напади, од кои некои директно ја загрозуваат безбедноста на американскиот воен персонал кој работи со локалните партнери во Сирија за да ја порази Исламската држава, се вели во соопштението на Пентагон.
„Министерот Остин повика на деескалација и изјави дека Министерството за одбрана на САД категорично се противи на спроведување на нова турска воена операција во Сирија“, додава прес-службата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…