САД остануваат најголемиот сојузник на Европа и покрај новата стратегија, вели Калас

t

САД остануваат „најголемиот сојузник на Европската Унија“, изјави денеска високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Таа ова го изјави во врска со новата Национална стратегија за безбедност на САД, која е силно националистичка и во која се предвидува „цивилизациско пропаѓање“ на Европа.

– Се разбира, има многу критики, но мислам дека некои од нив се оправдани. САД остануваат нашиот најголем сојузник. Не секогаш имаме согласност за различни прашања, но мислам дека општиот принцип останува непроменет. Ние сме најголеми сојузници и треба да останеме обединети – рече Калас за време на конференцијата „Доха Форум“ во Катар.

Вчера, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави документ кој ја дефинира „Националната стратегија за безбедност“, во согласност со линијата на Трамп „Америка на прво место“.

Документот остро ги критикува Европејците и ги поддржува тврдењата на крајно десничарските политичари дека Стариот континент се соочува со „цивилизациско бришење“ поради имиграцијата. Исто така, тој ја става под прашање и „бесплодната опсесија со регулаторно задушување“.

Американската стратегија за безбедност, освен тоа, не предвидува проширување на НАТО, со што уште еднаш ги разбива надежите на Украина, која се бори со руската инвазија.

Соединетите Американски Држави се обидуваат да посредуваат во завршувањето на речиси четири-годишната војна на Русија во Украина, цел за која националната безбедносна стратегија вели дека е во витален интерес на Америка. Но, документот јасно става до знаење дека САД сакаат да ги подобрат своите односи со Русија.

Економската стагнација во Европа „е засенета од реалната и поостра перспектива за цивилизациско бришење“, се вели во стратешкиот документ.

САД сугерираат дека Европа е ослабена од нејзините имиграциски политики, намалувањето на наталитетот, „цензурата на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција“ и „губењето на националните идентитети и самодовербата“.

– Европа ја потценува својата сила. Во однос на Русија, на пример, треба да имаме повеќе доверба во себе. Наметнувањето ограничувања и пречки пред Украина нема да доведе до траен мир, предупреди Калас. Ако агресијата биде наградена, тоа ќе се случи повторно – не само во Украина или Газа, туку насекаде во светот – рече Калас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД остануваат најголемиот сојузник на Европа и…

САД остануваат „најголемиот сојузник на Европската Унија“,…

По серијата апсења српските ѕвезди ги откажуваат…

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ, сепак, го…

(Видео) Британските медиуми во детали го објаснуваат…

Британските телевизии веќе го коментираат носењето на…

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку…

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски денеска…

ЦУК со вонредно соопштение за обилните врнежи

Вонредна информација за обилните врнежи – до…