Објавено на:

САД подготвуваат евakyација на семејствата на американските дипломати од Украина

t

Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста за евакуација на членовите на семејствата на американските дипломати во Украина поради ескалацијата на ситуацијата, јавува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на информирани извори.
Се наведува дека во Вашингтон се разгледува план кој предвидува задолжителна евакуација на семејствата на американските дипломати од Украина, а службениците на дипломатските претставништва ќе можат доброволно да одлучуваат за враќање дома.

Агенцијата наведува дека САД би можеле да објават евакуација во следните неколку дена, но одлуката се уште не е донесена. Еден извор посочува дека евакуацијата не значи дека тие се сигурни дека Русија ќе изврши инвазија, туку едноставно покажува подготовка во светло на зголемените тензии.
Во последниве месеци, Западот ја обвинува Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина и дека Москва значително го зголемила своето воено присуство во близина на границите на Украина. Русија решително ги отфрла овие обвинувања како неосновани и опасни и нагласува дека ги преместува воените сили на своја територија во согласност со Уставот и дека Западот сето тоа го користи како изговор за натамошно проширување на Исток.
Затоа рускиот претседател Владимир Путин побара писмени, правно обврзувачки, гаранции од Западот дека нема дополнително да се шири кон руските граници и дека нема да распореди оружје во тој дел од Европа.
Разговорите на оваа тема се одржаа минатата недела на три нивоа – Русија-САД, Русија-НАТО и со претставници на ОБСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…