САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија
Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции кон Русија ги информираа европските сојузници и Украина за содржината на мерките, кои, според нив, ќе претставуваат „пресвртна точка“ во економскиот притисок врз Москва.
Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас, уран и други ресурси.
Мерките најмногу ќе ги засегнат Кина и Индија – двата најголеми клиенти за руските енергетски производи, кои финансираат, како што посочуваат сенаторите, значаен дел од руската воена машинерија.
– Ова не е продолжување на сегашната стратегија. Ова е удар таму каде што најмногу боли, изјави Блументал. – Целиме на пазарот на (рускиот претседател Владимир) Путин, а тоа е токму она што најмногу им одговара на нашите европски партнери, додаде Греам.
Сенаторите се надеваат дека законот ќе биде ставен на гласање во Сенатот пред августовската пауза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500…
Авторите на новиот двопартиски предлог-закон за санкции…
Трамп најави „важно соопштение за Русија“ во…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
САД воведоа санкции врз специјалната известувачка на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио вечерва објави…
Трамп: Ќе испратиме повеќе оружје во Украина,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот…
Трамп воведе нови царини, две балкански земји…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги најави…