САД потврдија: Ќе ги бојкотираат состаноците на Г20 ако учествува Русија

Американската министерка за финансии Џенет Јелен, која ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на претстојниот министерски состанок на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот (Г20), ќе бојкотира некои од состаноците на кои ќе присуствува Русија.
Неименуван претставник на американското Министерство изјави дека САД и нивните сојузници ќе продолжат со „заедничките напори да го зголемат економскиот притисок врз Русија”.
Г20 го сочинуваат 19 земји и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија.
Американското министерство за финансии ќе ги насочи своите напори на намалување на бројот на оние кои сакаат да ги избегнат сеопфатните санкции наметнати на Русија поради војната, како и на оние кои помагаат во таквите напори, изјави друг претставник, пренесе Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД мора да го имаат Гренланд,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…