САД со нова апликација за „самодепортација“ на мигранти

Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска претстави нова апликација што ќе им овозможи на мигрантите во САД да се „самодепортираат“, наместо да се соочат со можен притвор и депортација, објавија светските медиуми.
Оваа иницијатива е дел од заложбите на Трамп за депортација на илегалните имигранти.
Апликацијата на Американската царинска и гранична заштита, наречена CBP Home, ќе им овозможи на луѓето да го пријават своето „намерно заминување“, соопшти агенцијата.
– Апликацијата CBP Home им дава можност на странците веднаш да заминат и да се депортираат самите, што им остава шанса да се вратат легално во иднина и да ја остварат својата американска мечта, изјави секретарката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем. – Ако не го сторат тоа, ние ќе ги пронајдеме, ќе ги депортираме и никогаш повеќе нема да се вратат, потенцираше таа.
Трамп вети дека ќе депортира рекорден број мигранти кои нелегално престојуваат во САД. Сепак, досегашните бројки на депортираните се пониски од просечниот месечен број за фискалната 2024 година под поранешниот претседател Џо Бајден, иако тогашните депортации главно вклучуваа мигранти што неодамна ја поминале границата.
Администрацијата на Трамп презеде и други мерки за зголемување на притисокот врз илегалните имигранти да ја напуштат земјата.
Според нова регулатива што стапува во сила на 11 април, лицата без легален статус ќе мора да се регистрираат пред федералните власти или ќе се соочат со казни или затвор.
Апликацијата CBP Home ја заменува претходната CBP One, која беше воведена за време на администрација на Бајден и им овозможуваше на околу еден милион мигранти во Мексико да поднесат барање за влез во САД преку официјални гранични премини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Турски државјанин криумчарел мигранти од Египет низ…
„На 21.03.2025 околу 02:50 часот на регионалниот…