САД со санкции за поединци и компании поврзани со семејството Додик
Канцеларијата за контрола на имотот на странци (ОФАЦ) на Министерството за финансии на САД денеска објави нова санкции за лица и фирми од БиХ.
На американската “црна листа” се вклучени министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац (СНСД), како и претприемачите Мирко Добриќ и Александар Добриќ од Градишка и Влатко Вукотиќ од Бања Лука, објавија медиумите од регионот.
Се вели дека санкциите биле наметнати врз нив, меѓу другото, поради нивните врски со претседателот на РС Милорад Додик и неговиот син Игор, кои претходно биле на американската “црна листа”.
Санкции беа изречени и за компаниите „Бест сервис“ и „Нимбус иновации“ со седиште во Бања Лука, поради, врските на компанијата со Игор Додик. На „црната листа“ е и фирмата „Ворто“ поради Влатко Вукотиќ и фирмата „Зелена Јабука“ поради врските со Мирко Добриќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…