Објавено на:

САД ставија 8.500 војници во состојба на готовност за распоредување поради тензиите со Русија

t

Околу 8.500 американски војници се ставени во состојба на готовност во САД во случај НАТО да ги активира своите сили за одговор или доколку безбедносната ситуација во Европа дополнително се влоши, соопшти Пентагон пренесува Агенција Анадолија.

Џон Кирби, портпаролот на американското Министерство за одбрана, рече дека војниците се првенствено дел од копнените сили кои, доколку е потребно, можат да дадат придонес на европското тло, вклучувајќи логистика, медицина, авијација, разузнавање, надзор и извидување, транспорт.

„Засега е донесена одлука овие единици да се стават само во состојба на готовност. Засега не се донесени одлуки за распоредување на какви било сили од САД“, рече Кирби. „Соединетите Американски Држави ќе одржуваат блиска координација со сојузниците и партнерите, додека континуирано ја следат подготвеноста на своите сили и ќе донесуваат одлуки во врска со движењето на силите кон и во рамките на Европа.“

Одлуката да се стават силите во состојба на готовност доаѓа во услови на зголемени тензии во источна Европа. Западот и НАТО ја обвинуваат Русија дека се подготвува за инвазија на Украина. Русија распореди околу 120.000 војници на својата страна со поранешната советска република заедно со големо распоредување на артилерија и тенкови.

Слично распоредување е забележано во Белорусија, северно од Украина. Во двата случаи Русија негира дека се подготвува за инвазија и тврди дека нејзините сили се таму само поради редовни вежби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…