САД, Јапонија и Јужна Кореја се загрижени за потенцијалната воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја
САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија „загриженост“ за потенцијалната воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја по средбата на лидерите на двете земји, пренесоа агенциите.
-Очигледно сме загрижени за какви било нови одбранбени односи меѓу Северна Кореја и Русија, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.
Службеникот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, изрази загриженост за каква било соработка на полето на сателитите, што би било „прекршување на неколку резолуции на Обединетите нации (ОН).
Јапонија укажа на ризикот од „прекршување“ на санкциите на ОН против Северна Кореја.
-Со загриженост ја следиме ситуацијата, особено затоа што постои „можност тоа да доведе до кршење на забраната на Советот за безбедност на ОН за трансакции со оружје со Северна Кореја, изјави јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.
И министерот за обединување на Јужна Кореја задолжен за односите со Северна Кореја изрази загриженост за воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…