САД ја повика Србија да ги расчисти изборните нерегуларности,опозицијата продолжува со протести
Од таму велат дека според извештаите, изборите биле нарушени со бројни процедурални недостатоци, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси, што според нив создале неправедни услови. Ги повикаа српските власти да работат со ОБСЕ за да ги надминат сите прашања.
-Тврдењата за нерегуларности пријавени и од ОБСЕ и од другите тимови за набљудување на изборите треба да се истражат, а насилството насочено кон изборните органи, новинарите, акредитираните набљудувачи, за кои видовме извештаи, е неприфатливо. И така, ние ќе продолжиме да ѝ го ставаме тоа јасно на Србија и, како што реков, ќе ги повикаме да соработуваат со ОБСЕ за да се решат овие загрижености што беа покренати,- – Метју Милер – Портпарол на Стејт депарментот.
Во меѓувреме, протестите во главниот српски град продолжуваат, а опозицијата бара поништување на изборите и повторно гласање на републичко ниво, но и во Белград, каде тврдат дека им биле украдени 40 илјади гласови. Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ пак ги обвини дека земјата ја воведуваат во граѓанска војна.
-Бараме поништување на изборите во Белград, затоа што изборите се украдени. Затоа што Александар Вучиќ со Српската напредна партија организираше увоз на гласачи од други држави да одлучуваат за изборите во Белград. И ние тоа веќе редовно го кажуваме, бидејќи не му се допаѓа како гласа народот тука, тој одлучи да го менува народот со тоа што ќе увезе странски државјани да гласаат, не само во Републиката, туку и во Белград каде не живеат,- – Маринка Тепиќ – „Србија без насилство“.
-Доколку секоја интересна група го загрозува функционирањето на градот и државата ние лесно се движиме кон анархија и воведуваме една нова политичка култура во нашиот живот. Тоа луѓе мои е анархија и тоа е влез во таа „Мајданска“ атмосфера. Ќе ве потсетам, Мајдан во Украина беше најава за големата војна која сега трае. Јас гледам изминатите два дена, такво труење. Луѓе мои тоа е вовед во граѓанска војна, јас не знам дали се тие свесни, не го говорам ова ради реда. Ние низ историјата многу страдавме затоа што кревавме раце едни врз други,- – Александар Шапиќ – Градоначалник на Белград.
Според резултатите, клучна за тоа кој ќе биде власт во Белград ќе биде партијата на контроверзниот српски доктор Несторовиќ, кој пак најави дека нема намера да коалицира со било кого. Српскиот Претседател Вучиќ пак, истакна дека доколку не се обезбеди мнозинство во градското собрание, изборите во Белград би биле повторени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…
Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…