Сакал помала казна: Еден од уапсените за убиството на Данка понудил информации
Еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, сакал да се спогоди со полицијата. Тој понудил информации во замена за помала казна.
Како што објави српски Информер, еден од двајцата осомничени за убиството, сакал да се спогоди со полицијата.
Двајцата работници во „Водовод“ го признаа делото, дека со возилото ја удриле малата Данка и потоа ја фрлиле на депонија.Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека попладнево ќе бидат сослушани двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, а по сослушувањето обвинителството ќе ја информира јавноста, јавува Н1.
Девојчето исчезна на 26 март. Работниците со возило ја удриле Данка, потоа еден од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случајот добива пресврт? Тројца нови сведоци за…
Тројца нови сведоци ќе бидат сослушани на…
Се огласи таткото на исчезнатата Данка: „Злато…
На социјалната мрежа Фејсбук се огласи Милош…