Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија
Десничарската коалиција која победи на парламентарните избори во Италија ќе обезбеди петгодишна стабилност во земјата, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини.
Салвини најави дека подоцна ќе разговара со Џорџа Мелони, која според прелиминарните податоци води на изборите во Италија, за започнување на процесот за формирање нова влада.
Очекувам најмалку пет години да одиме напред без промени, без пресврт, со одредување на приоритетните работи што треба да ги направиме. Вчера разговарав со Мелони и секако и честитав, добро се снајде – ќе работиме заедно уште долго – рече Салвини.
И покрај тоа што беше дел од победничката коалиција, Лигата освои само околу 9 отсто од гласовите, што е помалку од нејзиниот резултат од 17 отсто четири години претходно.
Преостанатите две партии во коалицијата – победниците „Италијански браќа“ и „Напред, Италија“ освоија околу 26 отсто, односно 8 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег и силен ветер го блокираат сообраќајот…
Сообраќајот во БиХ сè уште е во…
Автобус полн со деца се преврте во…
Снежната бура која го зафати северот на…
Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто…
Вкупниот извоз на руски гас во европските…
(Видео) 100 пати поопасни од Амазон: Реките…
Иако Амазон е синоним за екстремна дивина…
Дедо Мраз на новогодишно патување – погледнете…
Дедо Мраз го почна своето годишно патување…