Сали за 100 дена Влада: Преку пораки ги каневме граѓаните да се вакцинираат
На Форумот 100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија на прашањето кои беа приоритетите во изминатите 100 дена во справувањето со пандемијата, министерот за здравство Беким Сали посочи дека вакцинацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението и дека изминатите 100 дена Министерството за здравство се фокусираше на имунизацијата на граѓаните.
„Инициравме широка кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на КОВИД-19. Преку СМС пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои сѐ уште не се заштитени со соодветна доза вакцина, да се имунизираат, во определениот термин и пункт, закажани преку „Мој Термин“. Исто така, со поддршка од СЗО, УСАИД и УНИЦЕФ спроведовме караван за вакцинација против КОВИД-19 во вкупно 14 локални заедници низ државата“, истакна министерот Сали.
Тој истакна дека државата направи интензивни напори да обезбеди што е можно повеќе лекови без доплата за пациентите.
„Презедовме активности да обезбедиме поевтини лекови за граѓаните преку преговори со сите производители увезувачи и постигнавме договори за нови цени за лекови и тоа за 120 оргинаторни лекови и 123 генерички лекови кои наоѓаат примена и во примарното ниво и во болничките услови“, посочи министерот за здравство и порача дека паралелно се работи на осовременување и унапредување во повеќе сегменти – инфраструктура, нова медицинска опрема и стручна надградба на кадарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…