САМИ СПОРЕДЕТЕ – Груевски ја подбра власта: Еве што направивме во образованието, а што направија овие?!
“Не таласај” политиката во високото образование и науката доведе до натпревар меѓу статус квото и уназадувањето.
Кога се зборува за учинокот на владата која ја предводев во делот на високото образование и науката, најчесто противниците знаат да кажат дека сме отвориле факултети “во секое село”. Во ред, ако Битола, Штип, Куманово, Охрид, Струмица, Велес, Кичево, Струга, Тетово, Кавадарци, Кочани, и уште неколку други града ги сметаат за села…јас сепак ги сметам за градови. Во една перспектива на големината на Скопје, ако помалите градови се гледаат како села, тогаш по таа логика и Скопје треба да се гледа како село од гледна точка на Будимпешта, Виена, Прага, Истанбул, Париз, Берлин или Лондон.
Но, Скопје е град исто така.
Не исклучувам дека можеби некаде со дисперзираните студии сме претерале, односно сме погрешиле, но генерално дисперзијата на универзитети и факултети во внатрешноста не е нешто што ние го измисливме, го има секаде низ Европа и пошироко.
На пример во Унгарија од вкупно 27 државни универзитети само 5 се во Будимпешта.
Во Австрија од вкупно 22, само 6 државни универзитети се во Виена.
Во Чешка од 26 државни универзитети само 6 се во Прага.
Тоа беше време во кое државата комплетно го плаќаше сите трошоци за школарина, сместување и транспорт на секој студент од Македонија кој ќе биде прифатен на еден од првите 200 универзитети во светот, со единствена обврска, најмногу една година по завршување на студиите, да се врати и да живее и работи во Македонија најмалку 6 години, сеедно дали во приватен или во државен сектор, или во спротивно трикратно да ги врати на државата вложените пари во него. Такво нешто денес не постои и е сведено на стипендии на деца и блиски на функционерите на власт.
Покрај постоечките три во Скопје (Св.Кирил и Методиј), Битола (Св. Климент) и Тетово (ДУТ), владата која ја предводев отвори уште три, еден универзитет во Штип (Гоце Делчев), еден во Охрид (Св.Апостол Павле), еден во Скопје (Мајка Тереза), и за уште еден во Скопје (Дамјан Груев), се донесе Законот за негово отворање, но не се стигна да се отвори, а новата власт нели смета дека сѐ што сме почнале и не сме довршиле треба да запре бидејќи е лошо, па засега тој универзитет не е започнат.
Така сега имаме 6 државни универзитети, од кои два во Скопје и четири во внатрешноста. И донесен закон за уште еден во Скопје.
Отворивме и повеќе дисперзирани студии, за кои како што разбрав повеќето веќе се затворени.
Гледано пропорционално по жители, Македонија е далеку под овие три земји кои ги земав како пример и кои имаат по околу 10 милиони жители во делот на универзитети и факултети во внатрешноста.
Клучното прашање е споредбата. Како да се споредиме со актуелната власт која нема сериозни активности, инвестиции, реформи и слично во делот на образованието.
Како да се споредиме со власт на која студентите масовно и заминуваат на студии во Љубљана и други европски градови и одбиваат да студираат во Македонија? Со власт која не отворила и опреми ниту еден нов универзитет или факултет, не направи ништо за макеоднските научници да издаваат повеќе трудови со импакт фактор, не купила ни една нова лабараторија, не превела нови стручни или научни книги, а од нас создадениот фонд за иновации го претвори во самопослуга за партиските активисти и новинари?
За да се споредиме со актуелната власт, треба да имаме со што да се споредиме, а јас не гледам во делот на високото образование и науката тие нешто сериозно да создале.
Еве накратко што ние направивме, а вие помислете, или тие нека кажат, што тие направиле и создале. Игнорирањето од нивна страна е извесно бидејќи немаат што да кажат освен укинување или затворање на дисперзирани студии.
На универзитетот Св. Кирил и Методиј се отворија два нови факултети: Факултет за информатички науки и компјутерско инжињерство и Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер.
На универзитетот Св. Климент Охридски во Битола се отворија: Правен факултет со седиште во Кичево и дисперзирани студии во Битола, Технолошко-Технички факултет во Велес, Ветеринарен факултет во Битола и Факултет за информатички науки и технологии во Битола.
На државниот универзитет во Тетово се отвори факултетот за бизнис администрација во Куманово, факултетот за прехранбена технологија и исхрана, Педагошки факултет во Тетово и факултет за земјиделство и биотехнологија во Тетово.
На штипскиот и на новиот скопски универзитет се отворија по 14 факултети а на охридскиот 5 факултети.
Вкупно 43 нови факултети се отворија на активните 6 државни универзитети, без тука да се вбројат дисперзираните студии во различни градови.
Се разбира во овие бројки не се приватните универзитети и факултети во Макеоднија.
За многу од новите универзитети и факултети инвестиравме големи средства преку 50 милиони евра во градба, адаптација или купување на простории, згради, објекти, кампуси или слично каде се одвива наставата.
Тоа беа огромни инвестиции кои остануваат како трајно добро за многу идни генерации.
Инвестиравме во реновиравме на студентските домови.
Целосно ги реконструиравме двете машки згради во рамки на студентскиот комплекс Стив Наумов.
Дополнително, по цели 40 години, во 2014 година изградивме и пуштивме во употреба нови современи сместувачки капацитети, 8 нови и целосно опремени павилјони (на местото на старите бараки), во состав на Студентскиот дом „Стив Наумов“, за што вложивме 103 милиони денари, односно повеќе од 1,5 милиони евра.
Се направи и темелна реконструкција на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, која се реализираше етапно, односно се реализираше во неколку фази, за да има доволно места за сместување на заинтересираните студенти за што се инвестираа преку 6 милиони евра. Дополнително, се набавија нови лифтови во сите студентски домови каде има лифтови, нови перални итн.
Освен што отворивме многу повеќе државни факултети кои се дополнителни можности за младите луѓе, драстично ја намаливме партиципацијата на сите државни универзитети на симболични 200 евра годишно, а на дисперзираните универзитети 100 евра годишно. Оние кои влегуваа во државна квота со кофинасирање и вонредните студенти 400 евра годишно.
Претходно се движеше околу 1000 евра годишно. Со ова дополнително ја зголемивме достапноста на факултетите за сите што сакаат да студираат.
Водевме и активна медиумска кампања за да ги стимулираме младите да студираат и да стекнат високо образование бидејќи процентот на високо образовани беше екстремно низок во Македонија, околу 5%.
Отворивме и континуирано ги унапредуваме дисперзирани студиски програми, како на пример програмата по нутриционизам во Кичево; сметководство, финансии и ревизија во Кочани; бизнис-администрација во Тетово; банкарство, финансии и осигурување во Скопје; компјутерско инженерство и технологии во Кавадарци итн.
Така на пример во студиска година 2015/2014 функционираа 65 активни дисперзирани студиски програми на сите јавни високо образовни установи во Република Македонија каде што имаше запишани студенти на прв циклус на студии и беа лоцирани во 16 различни градови: Велес, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Кочани, Свети Николе, Гевгелија, Штип, Скопје, Кичево, Струга, Куманово, Дебар и Тетово.
Ги зголемивме квотите за запишување на насоките на универзитетите на кои се изучуваат информатичката технологија и техничките науки; за прв пат воведовме и стипендии за студенти кои студираат на некои од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, а секоја година доделувавме и 125 стипендии за студенти од информатичките науки.
Воведовме Проект 35/45 со кој се овозможува дооформување на високото образование на возрасните, односно поголема достапност на високообразовните установи на лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да се стекнат со високо образование, преку 2.000 студенти се запишаа. Од академската 2014/2015 година имаше измени во насока на намалување на старосната граница на 30 години за жени и 35 години за мажи, со што се овозможи и поголем опфат на граѓани, односно проектот се преименува во 30/35.
Значително ја олеснивме и ја забрзавме постапката за нострификација на дипломите стекнати на странски универзитети. Претходно беше исклучително тешко да се нострифицира диплома од далеку подобри и повисоко рангирани од македонските универзитети.
Ја укинавме постапката за признавање на странска високообразовна квалификација за студентите кои се запишуваат на заеднички студиски програми организирани со престижни странски високообразовни установи.
Во делот на литературата, на студентите им се обезбеди пристап до стручна литература која претходно не била преведена на македонски јазик. Во сите области на образованието и науката. Книги од најнапредните професори и научници на светот, за македонските студенти.
Дотогаш се учеше само од книги на локални професори, кои не се или многу малку се присутни во меѓународните научни текови, со ретки исклучоци.
Така, го реализираме проектот за превод на „1000 стручни и научни книги и учебници”, од кои се учи на десетте највисоко рангирани универзитети во светот, а во правото во Франција и Германија, бројка која подоцна стана “1.200”.
Тоа значи дека нашите студенти можат да го стекнат знаењето или да ги добијат информациите од учебниците кои ги имаат нивните колеги од Харвард, Беркли, Јел, Оксфорд, Кембриџ, Сорбона…
До крајот на мандатор бројката премина над 1.100 преведени наслови а дел останаа во тек. Насловите можеа да се погледнат и на Интернет страница www.1000knigi.mon.gov.mk која редовно се ажурираше и се дополнуваше со новите изданија, страница која новата власт ја суспендира.
Денешната власт, тогаш опозиција, уште од почеток го девалвираше проектот. Во првите 200-300 преводи беа ангажирани само професионални преведувачи, но не и контрола од стручно лице од фелата кои ќе ги провери преводите на некои стручни фрази кои општите професионални преведувачи понекогаш не ги знаат, па опозицијата тоа го искористи да каже дека преводот е лош.
Дел од совесните професори, веднаш на посебен лист напишаа и умножија на која страна кој збор е погрешно преведен и како треба да се преведе, и овозможија користење на тие учебници без никаков проблем. Стануваше збор за 10-15 стручни изрази бо една книга.
Потоа во следните преводи се ангажираа и стручни контролори и таков проблем немаше повеќе, но ова многу професори и опозицијата го искористија за да го прогласат проектот за лош. Во ред, но што преведоа тие? Нула! Ништо! По седум години, на памет не им паѓа некој сличен или ист проект. Не ги интересира напредокот. Напротив, оние преведени книги, голем дел не се користат повторно, вклучувајќи ги и оние каде каде една грешка нема во преводот. Друга матрица е во прашање…
Во делот на научно-истражувачката област го реализираме „Проектот за набавка и опрема на лаборатории”, од сите области, преку кој ја обезбедуваме неопходната техничка инфраструктура и опрема на универзитетите и јавните установи. Во Макеоднија набавката на лабаратории од страна на државата, особено масовната набавка, беше непознаница.
Но се случи и тоа.
На тој начин се создадоа услови за интензивирање на научните истражувања, публикација и размена на добиените резултати, како и овозможување на поинтензивен пристап на јавните научни и високообразовни установи до соодветните фондови на ЕУ за поддршка на научно истражувачката работа.
Истовремено, набавените лаборатории обезбедуваат и поддршка за стопанството преку реализација на истражувачки проекти за зголемување на конкурентноста. Новите лабаратории станаа и ков избор на приход на универзитетите.
Се набавија и опремија 80 лаборатории, во вкупна вредност од 1,6 милијарди денари, односно над 26 милиони евра.
****Листа на лабаратории кои се набавија***
Па така се набавија компјутерски лаборатории, лабараторија за напредни веб-технологии, лабораторија за мобилно и сеприсутно семантичко искуство, лабораторија за интернет и иновативни технологии, лабораторија за интелигентна роботика, лабораторија за информатичко-криминалистички испитувања, компјутерска лабораторија за теориска хемија, лабораториска опрема – лабораторија за мобилни и мултимедиски апликации (сеприсутни апликации), лабораторија за дигитални видеосистеми, лабораторија за учење на далечина, лабораторија за обработка, анализа и складирање на податоци од областа на атомска и нуклеарна физика, лабораторија за процесирање на сигнали во телекомуникациите, серверска лабораторија, лабораторија за софтверско инженерство, надежност, квалитет и тестирање на софтверски системи, лабораторија за оптички комуникации, лабораторија за информациски системи, мултимедиски техонологии и визуелизација, лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање, лабораторија за еко-информатика, лабораторија за сообраќај и транспорт, лабораторија за испитување на енергетска ефикасност на објекти, лабораторија за вибрации и бучава лабораторија за мехатроника, лабораторија за тестирање на градежни материјали, геомеханика и градежни, лабораторија за санитарна техника конструкции, лабораторија за геотехника, лабораторија за обликување со деформација и брзи прототипови, текстилна лабораторија, лабораторија за пресметување со високи перформанси, лабораторија за испитување и контрола на квалитет, лабораторија за форензичка патологија, лабораторија за геномика и протеоника, хемиско-биохемиска лабораторија, лабораторија за детски дијабет, лабораториско опремување на ЈЗУ Институт на медицина на трудот, лабораторија за ХПВ типизација и онкопрофилакса, лабораторија за молекуларна дијагностика, лабораторија за радиофармација, лабораторија за белодробни заболувања и туберколоза, лабораторија за електронска микроскопија лабораторија за дигестивна ендоскопија за испитување на нарушен моталитет на гастроинтестиналниот тракт кај децата, лабораторија за дигестивна ендоскопија, лабораторија за цитогенетски, пренатални и преимплантациони испитувања, лабораторија за фертилизација ин витро, замрзнување на полови клетки и ембриони, лабораторија за скрининг на психоактивни супстанции, имунолошка лаболаторија, лабораторија за морфолошки и функционални нарушувања на локомоторен систем, оптичко-кохерентна томографска лабораторија на предниот сегмент на окото (ОСТ-АС), лабораторија за остеодензитометрија, медицинска биохемиска лабораторија, лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика, клиничко-биохемиска лабораторија, лабораторија за биомолекуларни фармацевтски анализи, лабораторија за молекуларна патологија и експериментална генска терапија, стоматолошка лабораторија за научно-истражувачка дејност, лабораторија за наноматеријали, минерална технологија Оддел за ренгенска дифракција, флуоресцентна спектроскопија и потенцио- метриско-гранулометриски испитувања, лабораторија за форензичка токсикологија, лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи, централна физичко-хемиска лабораторија, лабораторија за мерење на еколошките параметри, мобилна (теренска) лабораторија за животна средина група инструменти за анализа на атмосфера, лабораторија за микротраги генетска лабораторија со цитогенетика, лабораторија за ин-витро култури на растителни ткива, лабораторија за студенти Кичево (лабораторија за: органска хемија, неорганска хемија и биохемија, микробиолошка лабораторија), лабораторија за аналаза на органски супстанции во сложени матрици, лабораторија за метаболички скрининг, форензична ДНК-лабораторија, студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и природни про- изводи, лабораторија по општа физика, лабораторија за контрола на природен гас, нафта, нафтени деривати и биодизел, лабораторија за структурна карактеризација на материјали, лабораторија за микроскопија и електронска микроанализа, лабораторија по генетика, лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација, лабораторија за дигитална аудиовизуелна продукција и постпродукција, лабораторија за изучување странски јазици, опремување на лаборатории за изучување на странски јазици, превод и толкување, мултимедијална јазична лабораторија, педагошка лабораторија, лабараторија за испитување на квалитетот на дрвото и мебелот, посебна лабараторија при МАНУ во делот на одредени генетски истражувања итн. Во соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија изготвивме анализа за можноста за акредитација на лабораториите. Согласно со анализата, се препорача да се акредитираат 42 лаборатории. Од нив 15 институции веќе ја акредитираа лабораторијата, а останатите лаборатории ја започнаа постапката за нивно акредитирање.
Овие лабаратории не се доволни. Треба уште. Но по смената на власта, тоа е заборавено.
***
Донесовме Закон за студентски стандард во кој за прв пат се воведени јасни критериуми за сместување на студенти во студентски домови, со строго дефинирани казни за прекршување на критериумите од страна на одговорните лица (кои се движат од 5.000 до 15.000 евра), со што по неговата имплементација се спречи секаква можност за манипулација и злоупотреба при сместувањето во студентските домови.
Не верувам дека овој закон се спроведува сега.
Законот предвидува и контроли од просветната инспекција најмалку двапати годишно за кои директно ќе ја информира Владата со извештаи, по кои ќе се постапува ако има отстапки од Законот за студентски стандард. Со новиот закон воведовме и целосно бесплатно сместување за најранливата категорија студенти.
Јасно ги дефиниравме и критериумите за распределба на студентските стипендии кои ги доделува Министерството за образование и наука, со што се спречи секоја можност за лажно прикажување на податоци и изигрување на системот, сè со цел нивна правична и транспарентна распределба.
Кај стипендиите опфатени се сите категории студенти, со посебен акцент на оние кои потекнуваат од социјално ранливите семејства.
Овозможивме електронско аплицирање за стипендии за студенти кои студираат на државните и на приватните универзитети во земјата и електронско аплицирање и доделување на места во студентските домови.
Доделуваме бројни стипендии за различни категории. Секоја година само Министерството објавуваше конкурси за повеќе од 40 различни видови стипендии во земјата и странство.
Значително е зголемен бројот на стипендии кои се доделуваат за студирање на сите три циклуси на високо образование на престижни странски високообразовни установи (на првите сто рангирани универзитети од областа на техничките нау- ки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот универзитет Џио Тонг и Академијата ФАМУ во Прага). Досега се доделија преку 200 стипендии за студии во странство на најдобрите 200 универзитети.
Од 2013 година воведовме и нови стипендии за студии од прв и втор циклус од областа на ликовната, музичката, драмската и филмската уметност. уметност.
Почнувајќи од април 2015 година, износот на студентските стипендии во земјата се зголеми за 10%.
Овозможивме наградни патување за најдобрите студенти.
За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети во Република Македонија согласно со ранг листата што ја прави Шангајскиот универзитет доделувавме бесплатно патување во кое се вклучени сместувањето, храната, авионскиот превоз и сè останато што влегува во еден таков аранжман на три дестинации за кои проценивме дека се меѓу најатрактивните за патување на младите: Париз, Венеција и Барселона, како мерка -поттик за младите да се борат, да имаат подобар резултат во своето учење, да акумулираат повеќе знаење и да имаат и еден стимул повеќе да добијат повисоки оценки и да добијат бесплатно патување, а за универзитетите да се стремат да бидат повисоко рангирани.
Изработивме веб-портал за стипендии www.stipendii.mon.gov.mk кој претставува централна локација преку која заинтересираните студенти добиваат навремени известувања за конкурси за стипендии кои се од нивни интерес, кои ги доделуваше Министерството за образование и наука или други институции (установи, универзитети, министерства итн.).
Континуирано и активно учествуваме во програмата CEEPUS за размена на студенти и наставен кадар со гласно со Договорот CEEPUS III.
Бројот на мрежи во кои учествуваат високообразовните установи е зголемен од 28 на 37. Со тоа се зголемува можноста за мобилизација на студентите и наставниот кадар и интернационализација на високото образование.
Овозможивме со закон докторските студии како трет циклус на студии да се реализираат со јасни и споредливи критериуми за менторство, мобилност и научно-истражувачка работа. Воведовме поволности за наставниот кадар на високообразовните установи кој раководел со научно-истражувачки проекти во поглед на побрзо напредување во кариерата и зголемување на приходите. Воведовме законски систем и се извршија во неколку години рангирања на високообразовните установи од страна на Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот универзитет Џиао Тонг. Тоа стана задолжителен процес којшто се спроведува на секои две години, со што се стимулира конкуренцијата за поквалитетна понуда на образовните услуги. Донесовме Закон за националната рамка на образовни квалификации. Изготвивме Регистар на високообразовните квалификации во Република Македонија.
За зајакнуваме интернационализацијата на универзитетите преку ангажирање на визитинг професори и воведување на “прозорци за мобилност” на сите студиски програми, како и задолжително склучување на договори за соработка со странски универзитети, заради поефикасно користење на средствата од програмата Еразмус+.
Воведовме критериуми за менторство на вториот циклус магистерски студии заради обезбедување на нивен повисок квалитет. Формирани се одбори за соработка и доверба со јавноста на високообразовните установи со претставници од сите релевантни општествени чинители. Донесовме одлука со која студентите кои ќе се одлучат да студираат на втора студиска програма се ослободени од плаќање на трошоците за студирање.
На македонските државјани кои се стекнале со звање доктор на науки на престижни странски високообразовни установи им се обезбеди можноста за вработување на домашните високообразовни установи.
Одборот за акредитација и евалуација на високото образование се стекна со статус на придружна членк на Европската мрежа за квалитет во високото образование. Изработен и имплементиран е систем кој овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови што пре ставуваат плагијати на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови.
Студентите и истражувачите/научниците добија можност лесно да ги поставуваат своите домашни, семинарски, дипломски, магистерски, доктоски и останати типови научни и стручни трудови.
Притоа, овозможен е механизам за споредба на поставните трудови со постојни трудови и проверка на нивната оригиналност, односно, дали дел од содржини веќе се објавени и претставуваат копија од некои други содржини.
Студентите почнаа да добиваат и соодветна практична настава, реална, а не фиктивна.
Во овој делзапочна да се развива соработката помеѓу институциите на системот, високообразовните установи и бизнис заедницата.
Компаниите се почесто ги задржуваа студентите кои ќе покажат особен интерес, солидни резулта и подготвеност и соодветност за ангажман на одредено работно место во организациските структурн компаниите.
Тоа е веќе редовна практика и на домашните и на странските компании.
Работевме и на проект Македонија на Википедија (Wikipedia).
Го зголемуваме бројот и обемот на статиите за Македонија на мадонски јазик, достапни на Интернет на Википедија, кои можат да се користат како содржини и во наставниот процес. Од страна на 20-тина студенти од ФИНКИ и УЈИЕ направени се стотина нови и квалите статии.
Овозможивме дополнителен стимул и поддршка на научно-истражувачката дејност преку доделувањето субвенции, односно еднократни финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во неѓународни научни списанија со фактор на влијание.
Секоја година доделувавме субвенции за 300 научно-истражувачки трудови подеднакво распределени во неколку области, односно, по 50 субвенции за трудови од природно-математичките науки, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки. Министерството за образование и наука претплатуваше, а со тоа и обезбедуваше достапност на списанија со инпакт-фактор како ЕВЅСО Publishing, Ипсвич, USA. Пристапот беше обезбеден за професорите и студентите при државните универзитети. Доделуваме и творечки субвенции воведени за прв пат во 2013 година, односно еднократни парични средства за творечките дејности за уметниците кои ја претставуваат Македонија на престижните светски настани, а ги доделуваше МОН во соработка со Министерството за култура. Изработен беше и имплементиран веб-портал наука.мк, на кој се промовираат достигнувањата од научно-истражувачката работа на истражувачите од високообразованите и научни установи. Порталот патент.мк беше целосно преведен на англиски јазик, имаше интегрирано, форум, блог и пристап до веб-порталот на светските патенти и патентите регистрирани кај нас, односно пристап до веб-порталот на Државниот завод за индустриска сопственост.
Користејки врвни експерти од светот, основавме Фонд за иновации и технолошки развој кој со буџет од 570 милиони денари ја поттикнува иновативната дејност, развојот на иновациите и нивната комерцијализација, а кој под водство на актуелната власт стана инструмент за корупција и распределба на пари на партиските активисти и новинари.
Објавивме прв јавен повик за поднесување предлог-проекти под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за стартап и спиноф трговски друштва и иновации.
Целта на инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за стартап и спиноф трговски друштва и иновации е поттикнување на иновативноста кај претпријатијата, имплементирање иновативни решенија и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст, како и пренесување на резултатите од научните истражувања во апликативни, односно комерцијални активности преку формирање спиноф претпријатија.
Ова е само дел од сработеното.
Е ај кажете сега, со што да се споредуваме?
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…