Само го нашле мртвото тело: Уште еден руски олигарх почина под чудни околности
Уште еден во низата руски олигарси поврзани со Владимир Путин, е пронајден мртов под неразјаснети околности, јавуваат руските медиуми. Телото на Игор Шкурк (49), заменик-генерален директор на руската енергетска компанија „Јакутскенерго“, било откриено вчера во неговата ќелија во Јакутск, каде што бил во притвор под обвинение за примање мито.
Еден ден пред неговата смрт, неговите адвокати поднесоа жалби против, како што тврдеа, неоправданите обвиненија. Руските власти не дадоа никакви детали за смртта на Шкурк, но наведоа дека врз основа на прелиминарните информации, „нема знаци за криминален чин“.
Шурко, кој имал големи приходи, бил обвинет дека барал поткуп од 5.000 фунти. Тој беше член на про-путин политичката партија Единствена Русија, но неговото членство беше суспендирано по обвинувањата.
„Ќе го паметиме како отворен, гостопримлив човек со големо срце и смисла за хумор, грижлив шеф на тесно поврзано семејство“, се вели во соопштението на неговата компанија.
Шурко беше задолжен за техничкиот менаџмент на компанијата Јакутскенерго, која го снабдува со електрична енергија најстудениот регион во светот, Јакутија.
Од почетокот на инвазијата на Украина, имаше серија необјаснети смртни случаи на високи руски енергетски функционери. Минатиот месец Новаја Газета Европа, водечки руски независен истражувачки весник и Транспаренси интернешнал Русија поврзаа серија сомнителни смртни случаи со рускиот енергетски гигант Гаспром и сложената „шема за перење пари“ од која корист имаа многу руски бизнисмени и луѓе од безбедносните служби и военото милје на Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…