Само Македонија и Чешка гласаа во ОН против правото на самоопределување на Палестинците
На седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации одржава во петокот, Македонија гласаше против две резолуции за Палестина кои Советот ги усвои. Првата резолуција, со која се осудуваат израелските колонијални практики на окупираните палестински територии, помина со 34 гласа „за“, десет воздржани, како и три гласа „против“, меѓу кои, покрај Чешка и Етиопија, беше и нашата земја.
Против втората резолуција, со која се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување, гласаа само две држави – Македонија и Чешка. Таа беше усвоена со 43 гласа „за“, а две земји се воздржаа од гласање.
Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. Лани во октомври земјава стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027. Генералното собрание на ООН оваа одлука ја донесе врз основа на „претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива државата“. Но, шефицата на Постојаната мисија на Македонија при Советот, Теута Агаи Демјаха, минатиот месец се најде меѓу деветтемина дипломатски претставници кои беа отповикани од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. МНР оттогаш не соопшти дека е назначен нов претставник на земјава во телото на ООН со седиште во Женева, па не е јасно кој гласал во име на Северна Македонија на седницата во петокот.
Од земјите на поранешна Југославија, која беше долгогодишен поддржувач на Палестина, нејзината независност, освен Македонија, ја немаат признаено и Хрватска и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…