Објавено на:

Само на Балкан: Додик поднесе обвинение против себе, Обвинителството оформи предмет!

t

Обвинителството на Босна и Херцеговина формира предмет против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој минатата недела поднесе кривична пријава против себе за усвојување на Законот за неспроведување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во Република Српска.

Додик, зборувајќи за пријавата против себе и неговите соработници, рече дека се одлучил на тој чекор бидејќи никој од Федерацијата БиХ не го пријавил, пренесува порталот „Независни новини“, а Обвинителството на БиХ соопшти дека немало други пријави кои се однесуваат на наведеното, освен онаа на Додик.

„Од претходно, во работењето има повеќе предмети во кои Додик Милорад е во својство на пријавен или осомничен за различни кривични дела“, соопшти Обвинителството на БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

САД: Заканите на Додик за отцепување на…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…

Босна протестира по монструозното убиство на Низама

Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото…

Масакрите во Босна немаше да се случат…

Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија…

Лавров: Она што се прави кон Додик…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…