Само уште тоа ни остана – Славевски: Личен банкрот треба да биде законска опција за македонските граѓани

t

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повторно ја отвори дебатата за воведување закон за личен банкрот, оценувајќи дека државата не смее повеќе да гледа како десетици илјади граѓани живеат со блокирани сметки. На јавната работна средба во Стопанската комора тој посочи дека околу 120 000 луѓе немаат пристап до финансискиот систем и се принудени да се задолжуваат кај лихвари со енормни камати.

„Сите развиени земји имаат регулатива за личен банкрот. Прашањето е за Министерството за финансии, но време е да размислиме дали не треба ист чекор и кај нас“, рече гувернерот, додавајќи дека долгот на овие граѓани постојано расте поради каматите.

Бизнис‑заедницата, пак, сугерираше повторно воведување на ковид‑мерката за мораториум на кредити поради слабата продажба во преработувачката индустрија. Славески одврати дека „сега не е момент за такво олеснување“, но најави дека ќе разговара со банките за индивидуални решенија: „Ни банкарскиот сектор не сака да продава запленети недвижнини; секој случај може да се решава посебно.“

На прашањето зошто цените на становите продолжуваат да растат, гувернерот одговори дека централната банка може да влијае само преку кредитните механизми. Професорката Ирена Кикеркова од Економскиот факултет го критикуваше НБ дека нуди „слични анализи“ и побара поопсежна студија за структурата на македонското производство.

Славески подвлече дека ниската инфлација и стабилниот финансиски систем остануваат врвен приоритет, но потенцираше дека решавањето на долгогодишниот проблем со блокираните сметки е неопходен чекор за здрава економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само уште тоа ни остана – Славевски:…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повторно ја…

Хонорарите на историската комисија на МНР се…

За нешто повеќе од една година, хонорарите…

Не се палете како млади деца: Ангелов…

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот…

(Видео) Левица поднесе пакет закони за младите…

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе…

Димитриевски: ЗНАМ не беше за линеарно зголемување…

Градоначалникот на општина Куманово и лидер на…