Само што ни тргна: Осум месеци од воведувањето, се укинуваат летовите меѓу Скопје и Амстердам
Нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ ги укинува редовните летови меѓу Скопје и Амстердам. Последниот лет е закажан за 26 октомври 2025 година. Линијата беше воведена на 2 март годинава, без користење на субвенции од македонскиот државен буџет.
„‘Трансавиа‘ нема да ја оперира линијата Скопје–Амстердам во претстојната летна сезона. Сепак, постојано ја разгледуваме нашата мрежа и ги оценуваме можностите врз основа на побарувачката и оперативните аспекти“, изјави портпаролот на компанијата, Ферле ван дер Бринк.
Ова беше прв пат од септември 2008 година, откако престана да лета МАТ, дека аеродромот „Схипхол“ во Амстердам и македонскиот главен град беа поврзани со редовен авиопревоз. Летовите се изведуваа два пати неделно, во четврток и недела.
Сепак, Македонија и Холандија остануваат поврзани преку линијата Скопје–Ајднховен со „Визер“, кој ќе лета четири пати неделно и во зимската сезона. Летната сезона, исто така, Амстердам беше поврзан со Охрид за туристи на туроператорот „ТУИ“.
„Трансавиа“ е втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија и подружница на групацијата „Ер Франс-КЛМ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само што ни тргна: Осум месеци од…
Нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ ги укинува редовните…
Лекарската комора со морална осуда за д-р…
Лекарската комора на Македонија (ЛК), преку Комисијата…
Дедо од Струмица пукал со воздушна пушка…
СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71)…
Ѓорѓиевски: Победа во прв круг, не за…
Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ,…
Бугарија „разочарана и збунета“ од изјавата на…
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…