Сам се пријавил возачот кој прегази и тешко повреди тинејџер во Битола

t

„Во врска со настанот –сообраќајна несреќа во Битола – од 18.01.2025 година, во која што на улицата „Илинденска“ во Битола непознато патничко возило удрило во 17 годишен малолетник, вчера (18.01.) во 07.20 часот во СВР Битола, се самопријавил Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско“, велат од полицијата.

Тој го возел автомобилот „Голф“ со германски национални ознаки, со кој вчераутро го прегазил тинејџерот, кој со тешки повреди бил пренесен во болница.

„Со него од страна на полициски службеници извршен е службен разговор. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Слушнете го детето кое е еден…

Искреноста на децата во светот на возрасните…

Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…

Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…

(Видео) Не издржа младост што сака да…

И во Битола, како и во многу…

(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…

Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…

Во Битола пронајдени 206 гранати од Првата…

При градежни работи во Битола, пронајдени се…