Санду: Немам информации дека Русија планира да не нападне, ама не знаеме што ќе се случи за 6 месеци
Молдавската претседателка Маја Санду рече дека нема информации дека Русија наводно планира да ја нападне републиката во блиска иднина.
„Немаме информации дека Руската Федерација планира да ја нападне Молдавија. Информациите што ги имаме ни даваат одреден степен на безбедност, но не знаеме што ќе се случи, на пример, за шест месеци“, рече Санду за време на интервју на ТВ канал како одговор на барање коментар на гласините за можноста за такво сценарио.
Таа, исто така, истакна дека граѓаните кои зборуваат руски не се угнетувани на кој било начин во земјата.
„Ги почитуваме граѓаните на Молдавија кои зборуваат руски, сакаме тие да се чувствуваат добро, никој не ги повредувал нивните права и слободи“, нагласи Санду.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…