Санкциите потонаа: Рубљата е најсилна во последните седум години
На средина на оваа недела, руската валута достигна вредност од 52,3 рубљи за долар. Пред три месеци, кога ЕУ и САД започнаа со воведување санкции за Русија заради нејзината инвазија на Украина, беа потребни 139 рубљи за еден долар.
Сегашната вредност на руската валута е највисока уште од мај 2015 година. Фрапантниот скок на руската рубља Кремљ го користи како крунски доказ дека санкциите се неефикасни и со нив не може да се скрши руската економија и држава, пренесува Н1.
Кон крајот на февруари, кога се чинеше дека брзо ќе дојде до слом на руската валута, Москва повлече драстичен потег и повеќе од двојно ја зголеми клучната каматна стапка од 9,5 на 20%. Од тогаш рубљата почнува да јакне а централната банка тоа го следеше намалувајќи ги каматните стапки кои сега се на ниво на прифатливи 11 проценти.
Руската рубља толку се засили што централната банка сега презема мерки да ја ослаби од страв дека пресилна валута може да му наштети на рускиот извоз.
Руската валута предизвикува висока цена на енергентите, контролата на капиталот но и самите санкции.
Брисел е во незавидна ситуација – досега повеќе пари ѝ има дадено на Русија за нафта, гас и јаглен отколку што има пратено помош за Украина. Со цени на нафтата и 60% повисоки од лани, без оглед на тоа што западните земји ги намалија набавките, Москва и натаму остварува рекорден профит.
Во првите 100 дена од војната, Руската федерација има укнижено 98 милијарди долари, при што над половина од тоа, околу 60 милијарди, дошле од ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Видете колку вредат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Расте притисокот врз Москва: Руската рубља паѓа
Руската централна банка нагло ги зголеми каматните…
„Русија подготвена да преземе улога во новиот…
Русија, заедно со членките на БРИКС и…
Курсна листа на НБРМ: Еве колку чинат…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…