Објавено на:

Санкциите ѝ се удрија од глава: Германското градежништво остана без завртки и клинци

t

Градежната индустрија во Германија веќе ги чувствува сериозните последици од војната во Украина, што се одразува во недостигот на потребни материјали, а градежниците ќе се најдат пред тешка задача да одлчат од кои проекти ќе мора да се откажат.

Испораките на важни производи како што се завртки и клинци повеќе нема да пристигнуваат во Германија поради санкциите – вели Тим Оливер Милер, генерален директор на Генералното здружение на германската градежна индустрија (HDB).

Оливер Милер вели дека не може со сигурност да се каже дали ќе има доволно материјал за сите градилишта во Германија, поради што не ја исклучува можноста за стопирање на изградбата за голем број проекти.

Треба да се прашаме кои проекти ќе треба да ги запреме, а без кои не можеме – нагласува Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…

Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Германската разузнавачка служба: Имаме јасни докази како…

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред…