Објавено на:

Санкции и за руските мачки: Нема да можат да се натпреваруваат на саеми

t

Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (Fédération Internationale Féline – ФИФЕ) го забрани натпреварувањето на саемите на мачки за руските сопственици поради воените случувања во Украина.

Одборот директори на ФИФЕ е шокиран и ужаснат од руската инвазија на Украина и војната. Не можеме само да бидеме сведоци и да не направиме ништо – соопштија од ФИФЕ.

Поради оваа одлука, на мачките чии сопственици се Руси им е забрането да учествуваат на натпреварите на ФИФЕ, а забранет е и увоз и регистрација на мачки одгледани во Русија.

Санкциите ќе траат најмалку до мај, а може да бидат и продолжени, во зависност од состојбата во Украина. ФИФЕ ќе искористи и дел од својот буџет за да им помогне на одгледувачите и љубителите на мачки во Украина.

ФИФЕ има 39 земји-членки во Европа, Јужна Африка и Азија и е дел од Светскиот конгрес за мачки. Меѓународните санкции против Русија се проширија многу подалеку од економијата и сега забраните се воведени за спортисти, музичари и други јавни личности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…