Санкционирани 223 возачи во Скопје
Вкупно 223 санкции изрече вчера полицијата при засилените сообраќајни контроли во Скопје. Од нив, 24 се за возење со брзина поголема од дозволената, 25 се за возење без возачка дозвола, а 67 се прекршоци што ги направиле мотоциклисти.
Како што соопшти МВР, изречени се и две мерки за користење мобилен телефон, 35 за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло, 16 за нерегистрирани возила, како и девет за возач почетник.
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…
Трамп: Доцна е за разговори, никој не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој…
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…
Спасен со честитка за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ:…
Ај да ги потсетам уште еднаш нашите…
Подготовки за војна? Десетици американски воени авиони…
Анализата на податоците за следење на летот…