Санчез за прекинот на огнот: Нема да аплаудираме на оние кои го запалија светот само затоа што се појавија со кофа вода

t

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е еден од најгласните критичари на војната против Иран преку социјалните мрежи реагираше на објавата за прекин на огнот помеѓу САД и Иран.

„Договорите за примирје се секогаш добри вести, особено ако водат до праведен и траен мир. Но, ова моментално олеснување не смее да нè натера да го заборавиме хаосот, уништувањето и изгубените животи. Шпанската влада нема да им аплаудира на оние кои го запалија светот само затоа што се појавија со кофа вода. Дипломатија, меѓународно право и МИР се потребни сега“, напиша тој.

Санчез ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран и ги оцени како опасни и неоправдани. Неговата влада не им дозволи на силите на САД да ја користат заеднички управуваната поморска база Рота и воздухопловната база Морон во Јужна Шпанија за операции против Иран, на што претседателот на САД, Доналд Трамп одговори со закана дека ќе ги прекина трговските односи со Шпанија во целост.

Владата на Санчез како одговор на заканите на Трамп го затвори шпанскиот воздушен простор за американските авиони кои учествуваа во нападите врз Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санчез за прекинот на огнот: Нема да…

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е еден…

Компаниите ќе им плаќаат на Иран и…

Соединетите Американски Држави и Иран се согласија…

Израел привремено ги прекина нападите врз Иран…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) преку ноќ завршија…

ЕУ го поздравува примирјето во Иран, гледа…

Високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, го…

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар Кристофер…

Во рамки на работната посета на Вашингтон…