Саудиска Арабија гради скијачки центар среде пустина

t

Среде саудиската пустина ќе биде изграден футуристички скијачки центар Тројена, кој три месеци во текот на годината ќе се користи за скијање, додека остатокот од годината ќе се користи за водени спортови и за планински велосипедизам.

Скијалиштето ќе биде на планините на Неон, футуристичкиот град чија изградба ќе чини дури 500 милијарди долари. ГРадот ќе биде сметсен во провинцијата Табук, која се наоѓа во северозападниот дел од земјата.

Центарот Тројена е претставен како спој на неверојатни реална и виртуелна архитектура, вештачко езеро и места од кои ќе има импресивен поглед. Луѓето кои стојат зад проектот велат дека многу е лесно да се оствари идејата за скијање Во Саудиска Арабија.

„Вистината е дека треба да се постигнат -3 степени Целзиусови за да се направи снег во Неом. Тоа ќе можеме да го правиме три месеци во текот на годината“ велат од Неом.

Во планините каде што ќе биде центарот природната температура во зима е под нулата. Со оглед на тоа дека Саудијците сакаат да развиваат одржлив туризам, посветени се на тоа при правењето снег да потрошат што помалку вода и да имаат што поголем поврат на водата.

За снегот ќе користат што е можно повеќе обновлива енергија, било да е соларна или енергија од ветрот. Вода ќе користат од фабриките за десалинизација на водата. Освен тоа, ќе настојуваат даја акумулираат водата која ќе се добива со топењето на снегот.

Во текот на зимата ќе може да се скија по 36 км долги падини на Тројена, а во остатокот од годинаѕа ќе се ужива на вештачкото езео и планински велосипедизам. Меѓу другото, езерото ќе се користи и за водени спортови.

Во Тројена ќе има и ресторани, велнес и неколку хотели, а се очекува скијалиштето да биде отворено на крајот на 2026 или на почетокот на 2027 година. Проектот сега е во првата фаза од развојот, а според проектите, Тројена треба да има речиси 7.000 жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

Машко лице пронајдено починато во Центар

На 01.06.2024 во 19:35 часот во СВР…