Сахарска прашина ќе помине над Балканот, ново зголемување на температурите
Во следните 24 часа се очекува облак од прашина од африканските пустини да го помине Балканот. Феноменот е вообичаен кога топол воздух циркулира од Средоземното Море. Концентрацијата на прашина во среда ќе биде највидлива во долниот дел од атмосферата над западната половина од Балканскиот полуостров.
Видливоста ќе се подобри кон крајот на неделата кога се да помине студен атмосферски фронт со засилен западен ветер. Ќе има краткотрајни локализирани врнежи од пролетен тип – со силна активност на грмежи и потенцијал за појава на град.
На почетокот на април се очекува значителен пораст на температурите во балканскиот регион.
Последните денови од март и првите денови од април ќе бидат сончеви и топли.
Од петок до недела нема да има врнежи, а температурите ќе бидат околу и над 25 степени.
На самиот почеток на април температурите ќе достигнат околу 30 степени, најавуваат метеролозите од регионот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Сончево но студено време, максималната температура ќе…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…