Објавено на:

Сашко од скопско Миладиновци ја пронашол малата Марија од Србија која се загубила во Неа Флогита

t

По веста дека малата Марија(3) од Србија исчезнала за време на нејзиониот одмор во Грција ја крена јавноста на нозе. За нејзина среќа ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.

„Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека не извести“ напишал Сашко во групата „Грција инфо“ а со објавата објавил и слика од девојчето.

Објавата се рашири со брзина на светлината каде беше споделена над 3000 пати и беа оставени 1800 коментари, а во меѓувреме биле контактирани безброј луѓе со една единствена цел девојчето да се врати кај родителите.

Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.

Малото девојче било пронајдено околу 23 часот, но не знаела од каде е, ниту како се вика нејзиниот татко.

Таа рече дека има брат Андреј и мајка Ана. Сашко и купил газиран пијалок и разговарал со неа додека не дошла полиција, а тој се погрижил девојчето да не биде премногу исплашено и истрауматизирано од ситуацијата во која се нашла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ за влез во земјава се…

Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини…

Франција масовно гласаше за парламентарните избори

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг…

Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…

Ахмети: Без ЕУ ќе станеме држава со…

Демократската унија за интеграција во Тетово одржува…

Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се…

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ…