Сајбер напад во Холандија, украдени податоци на 850.000 жени
Холандската лабораторија „Клиничка дијагностика“ соопшти дека за време на сајбер напад напаѓачите украле здравствени и лични податоци на 850.000 жени, објави холандскиот јавен сервис НОС.
Лабораторијата, која учествува во истражувања за рак на грлото на матката како дел од национален проект за популацијата, првично пријавила дека се погодени 715.000 жени.
Најновите податоци покажуваат дека уште 135.000 жени се жртви на кражба на податоци. Од 2017 година до денес, во истражувањата учествувале вкупно 941.000 жени.
Напаѓачите добиле пристап до лични информации, вклучувајќи имиња, датуми на раѓање, адреси и броеви на социјално осигурување, а постои и можност да биле украдени податоци за видот на тестовите и нивните резултати.
Лабораторијата соопшти дека работи на зајакнување на своите системи и целосно соработува со истражителите кои започнаа кривична истрага за нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сајбер напад во Холандија, украдени податоци на…
Холандската лабораторија „Клиничка дијагностика“ соопшти дека за…
Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар…
Во невиден личен напад, премиерот на Израел,…
Балон со патници се урна во Холандија,…
Во Фрисланд, на север од Холандија, се…
Холандија ќе му испорача оружје на Киев,…
Холандија вчера најави дека ќе стане првата…
Руски инфлуенсерки уапсени – снимиле видео пред…
Руските власти уапсија две млади инфлуенсерки, на…