Сајтовите на државните институции може да ги хакираат и деца
Се очекува во рок од две години Македонија да добие Агенција за сајбер безбедност која ќе се занимава со спречување на можни хакерски напади. Како што за Алсат потврди министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, тимови во министерството работат на подготовка на предлог-закон.
„Работиме во насока во следните две години да имаме Агенција за сајбер безбедност на државно ниво, која најверојатно ќе биде под раководство на министерството, но сепак ќе биде независен орган, кој ќе има задача да спречи евентуални сајбер напади…“, изјави Адмирим Халити, министер за информатичко општество и администрација.
Експерти за сајбер безбедност посочуваат дека компјутерската безбедност во државните институции не е на вистинското ниво. Тие препорачуваат да се обезбедат повеќе ресурси и тоа да не се гледа како трошок, туку како инвестиција во безбедноста. Серверите со стара технологија се цел на напади бидејќи се поранливи, каде дури и дете може лесно да влезе.
Дека компјутерскиот систем на институциите секојдневно е изложен на ризик од нови сајбер напади се согласуваат и претставниците на надлежните институции. Од националниот центар за реагирање при компјутерски инциденти, кој е во рамките на Агенцијата за електронски комуникации, оценуваат дека има простор за посебен закон на оваа област.
„Нападите можат да се случат во секој момент и се случуваат континуирано како и во сите други земји во светот. Ова е таканаречена ‘модерна војна’ каде државата мора да има сериозен пристап и акција за заштита… Сајбер безбедноста треба да биде највисок приоритет за државата“, велат од АЕК.
Во последно време, албанскиот државен систем стана цел на сајбер напади од Иран, а минатата недела беше хакирана и веб-страницата на Министерството за образование во Скопје.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сајтовите на државните институции може да ги…
Се очекува во рок од две години…
(Фото) Хакиран сајтот на “јавни набавки” –…
Доколку го отворите сајтот на јавни набавки…
Американски хакери хакирале кинески компјутери за да…
Американски хакери хакирале кинески компјутери за да…
25-годишна прилепчанка хакирала платежна картичка и онлајн…
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Б.(25)…