Сведоштво на првата братучедка на мајката на Вања: Гоце го откри возилото кое беше на исчезнатиот велешанец и го поврза со исчезнувањето на Вања
Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Маја Спировска прва братучетка на мајката на Вања.
Ова е нејзиното сведоштво:
МАЈА СПИРОСКА – прва братучетка на мајката на Вања
Зорица во 11 часот ми се јави на работа и ми кажа дека детето ѝ го нема. Јас денат не отидов знам дека беа во полиција, имаше инспектори во домот, мојот брат беше таму, не отидов дента, пробав да се прошетам во Дебар Маало да се прошетам со пријатели да побараме, да видиме дали има некакви информации. Од вторникот веќе бев секој ден присутна до неделата во домот.
Сите бевме во паника, сите ја баравме Вања, имаше колешки од кај Зорица од работа, баравме некои видео снимки.
О – какви снимки гледавте, од каде ги набавивте?
м – не знам, Сашко ги донесе, ги гледаше во соба на компјутер.
о – таму сам беше?
м- прво беше сам, после дојде Гоце, јас не го познавам кој е, со него после цело време излагаа, наоѓаа снимки, гледаа.
о – ви кажаа што виделе на тие снимки?
м – гоце во еден момент го откри тоа возило, не знам точно среда или четврток, не знам кога беше објавата на социјалните мрежи во врска со велешанецот што е исчезнат, Гоце дојде ми кажа да не е некој педофил, некој што зборувал со неа на интернет, мене муабетот не ми беше во ред бидејќи го правеше пред сестричката на Вања.
о – во тој момент кога Гоце ви кажува што видел, службените лица го знаат тоа, известени се?
м – не знам
о – што рече Гоце, каде тој наоѓа поврзаност на Цитроенот со настанот со Вања?
м – не знам, само рече има некаква трага, можно е, не беше сигурен дека е поврзан Цитроенот, мислеше дека самиот човек ја земал, ја однел
о- нешто друго забележале сомнително на тие камери?
м – имаше првиот ден, некој со телефон како стои кај МЦМ, ама нас ни беше чудно зошто некој организирано би ја земал Вања
о – Сашко што викаше тогаш?
м – јас многу контакт со него немав, гледав повеќе со Зорица и малата сестричка да поминам, за нивна поддршка бев повеќе, Сашко цело време ѝ викаше на Зорица дека не се сеќирај ќе ја најдеме, јас не зборев со Сашко
о – побара ли Сашко некого да известите?
м – едно време на Илон Маск ми викаше да пратиме порака, да ја најде преку сателит
о – познато ли ви е дека Сашко испратил некоја порака за откуп?
м- Знам дека испратил во некоја група на родители, имало порака што била испратена, па избришана, не сум ја видела јас пораката, тоа што ми кажале
о – дали ви е познато Сашко како што работел?
м- последно знам дека во Фершпед работеше, за време на настанот не работеше, не знам точно по периоди кој кога работел
о – станот беше сопственост на Зорица, бевте запознаени што се случило со сопственост на станот?
м – не, тоа се нивни приватни работи, не навлагам
о- дали се познававте со обвинетиот Палевски?
м – Не
о – познало ли ви е дали родителите се познавале со него?
м- Не знам, јас и Зорица кога се купувал, продавал станот, бевме мали, не се занимававме со такви работи
Вкрстено Палевски кон сведокот
П – спомнавте, околноста стан, дали сте слушнале кога сте биле млади со Зорица било какво недоразбирање или проблем во однос на купувањето на станот?
М- не
Вкрстено Туфегџиќ
Т – во вашиот исказ кажавте дека имало порака, можеме ли да заклучиме дека вие лично сте ја виделе?
М – не сум ја видела, видов избришани пораки, ми кажаа дека постои порака
Т – можеме ли да заклучиме дека го знаете лицето кое ова ви го кажало
М – да, го познавам
Т- тоа е еден од родителите?
М – да, го познавам
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митко Јанчев: Од 1 јануари започнува со…
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните…
Нов инцидент во Балтичкото Море: Пресечен подводен…
Подводниот кабел за напојување што ги поврзува…
Шефот на Мосад предложи директен напад врз…
Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Директорот…
Кривична пријава за царински службеник и лице…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33)…
Последни пратенички прашања за годинава
Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница,…