Сведоштво на човекот кој го однесе Палевски во Турција: Велеше ме местат за исчезнатото девојче – последно ми напиша ова е тешка местенка

t

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Пред малку во судот сведочеше Стефан Димковски – човекот што го возел до Турција

Стефан Димковски

ОБВИНИТЕЛСТВО

О – Учествувате ли ви ево основањето на Десна?

С – да

О -кој ве извести за основањето?

С – ние бевме претходно двжење, граѓанско здружение Трета, со седиште во Опера Хаус

О – од партијата ви беше релацијата со Палевски?

С – од граѓанското здружение

О – од кога се познавате со Палевски?

С – 2017 или 2018

О – поради политички активности се запознавте?

С – претежно заради политички активности

О – како комунициравте со Палевски?

С – преку Фејсбук, па Месинџер, па Телеграм

О – Одевте ли често во седиштето на партијата?

С – до 2021 почесто одев во граѓанското здружение Трета, а од 2021 имав домашни проблеми, се разведував итн и тогаш ретко одев

О – каде живеете?

С – во Струмица

О – со другите обвинети се гледавте во штабот на партијата?

С – Влатко таму беше како домаќин, Боре првпат слушнав кога бев во притвор, не го познавам, а Велибор го познавам од 2021 мислам дека или порано отворањето на канцеларијата на граѓанското здружение и со него не сум во добри односи од лични причини

О – дали Палевски ви се јави на 01.12.2023 година?

С – да, на Телеграм ми се јави, јас бев во Струмица, имам близначиња само што ги однесов децата во градинка, отидов во сервис да менувам зимски гуми, добив повик од Пелевски, рече ќе можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, бил на прегледи и д заврши нешто големо за партијата. После му се прејавив, реков може ама да завршам со гумите.

О – дали ви кажа зошто баш вас ви се јавува?

С – ми кажа дека Плотнико и Ѓорѓи биле ангажирани во организација на Централниот комитет и дека нема кој да оди по него

О – што и рече треба да го земете од белград и каде да го носите?

С – да го земам и да го вратам во Македонија

О -ккога стигнавте во Белград?

С – попладнето

О – како се најдовте со Палевски во Белград?

С – ми пушти адреса

О – од каде го земавте?

С – во центарот беше, имаше спортски центар таму, го земав од хотел

О – каде тргнавте и кога?

С – тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва во четири саат, тргнавме назад за Скопје и застанавме на ручек

О – ви кажа ли зошто бил во Белград?

С – рече дека договарал нешто за на 12.12 кога ни е годишнина од партијата, договарал нешто со некој аналитичар и професор за рудни богатства ли не знам што

О – дали со него имаше медицинска документација?

С – не го проверував, не видов

О – што разговаравте по пат?

С – за децата, како сум, што правам, дека он има проблеми со кичмата итн, после дека треба да бидам посериозен со активностите во партијата

О – колку телефони имаше Палевски откога го земавте?

С – јас видов два

О – имаше ли број со странска претплата?

С – да, од тој број ми се јави кога не можеше да ме добие на интернет, за да ми даде локација

О – зборуваше ли Љупчо за тоа зошто заминал во Белград?

С – ви спомнав, некои прегледи и да договара за партијата за роденденот да се појават некои гости

О – до каде стигнавте со враќањето?

С – од Велика Плана, на враќање тргнавме за Скопје, пред Ниш ми кажа ќе треба да застанеме во Ниш, како што влегувавме натаму доби повик или разговараше со Васко, адвокатот и затвори, рече Васко беше

О – зошто го бараше Васко?

С -не знам, како што влегувавме накај Ниш доби повик од Васко и рече дека изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што договорил средба не можел денеска закажал утре за осум и пол

О -се виде ли со тој човек?

С – не, како што се сместивме во хотелот, јас се симнав до колата, кога се вратив седнавме на тераса и ми кажа дека се променил планот дека треба да иде за турција и ми рече или да го вратам во Белград, во Скопје немало летови до понеделник, имало во четврток лет, а во Белград имало лет утредента и после состанокот да го вратам назад. После десетина минути како што седевме рече а што да дремеме овдека, зошто оттука ако не си изморен за пет-шест саати џитни ме мене во Турција, поевтина варијанта е, јас мислев се зеза ама рече озбилно да одиме, да не идам по аеродроми со торби, не знае турски, ќе сум го однел до некој Турчин што знае македонски и ќе го оправал по клиники

О – продолжувате кон Турција од која причина?

С – само што му резервирале во понеделник операција за кичмата

О- во која болница?

С – не, јас тебше само да го оставам и да се вратам

О – дали разговараше на телефон пред вас?

С – некои од разоворите да, некои и надвор од возило, застанувавме

О – мислам на разговорот за Турција

С- во Ниш тој не

О- дали на граничните премини кон Бугарија и Турција имавте некаков проблем?

С – воопшто не, ги дадовме пасошите, ни ги вратија, во Бугарија ми правеа проблем со мојата кола, немала некои лепенки

О – дали за Палевски некој бараше дополнителна документација?

С – го повикаа да даде адреса за каде престојува

О – кога стивнавте во Турција каде најдовте сместување?

С – кај еден Турчин, не знам како се викаше, тоа Палевски го најде

О – како го најде?

С – вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување, како што разбрав отпосле преку Велибор

О – каде се сместивте?

С – во една куќа

О – даде ли палевски пари?

С – во агенцијата даде еден дел од средствата, а другиот дел требаше во понеделник

О – додека се возите дали забележавте нешто кај ПАЛЕВСКИ невообичаено?

С – не, воопшто

О – дали се јавуваше од вашиот број?

С – да, еднаш немаше батерија, еднаш кога бевме во Пловдив се загубивме имаше магла, на бензинска застанав за да видам кај сме и добив интернет ми го побара да се јави кај Влатко

О – каков разговор водеше сп Влатко Кешишев?

С – јас само што му го дадов телефонот, рече дај јас ќе ѕвонам, отидов да земам кафе и до тоалет не знам што разговарале

О – дали додека стигнавте во Турција Палевски се јави во некоја клиника за закажаната операција?

С – ноќно време беше, може по мејлови комуницирал, на телефон не

О – дали Палевски купи апарат или картичка од Турција?

С – да, кај што се сместивме за да има интернет

О – зошто одлучи Палевски да се смести во куќа, а не во хотел?

С – бараше некои опции, му доаѓаа околу 800 евра за тие десетина дена, рече вака е стопати поевтино да земе стара куќа под наем за 150 евра

О – се сретна ли со некого Палевски во Турција?

С – со ова лицево, не знам како се викаше што знаеше и македонски и турски и е некој иселеник

О – куќата за колкав период беше изнајмена?

С -мислам дека за три месеци

О – операцијата кога му беше закажана?

С – во Истанбул, мислам дека за понеделник трети или четврти

О – кажа колку пари чини таа операција?

С – беше кус со пари, затоа сакаше поевтин смештај

О – до кога останавте во Турција со Палевски?

С – трети, после доручекот јас го напуштив

О – дознавте ли нешто на доручекот?

С -како што ме информираше, го видов блед тогаш, рече саботата додека ние сме патувале имало дешавки во Македонија, рече знаеш ли тоа девојчето што е исчезнато? Јас мислев едни од Грција, не рече тоа во Скопје што е, рече ми го лепат мене, вчера влегле во штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, но дале исказ и се пуштени, рече што би имал јас со тоа

С- требаше да прави подкаст во Турција, носеше опрема

О – како дознавте вие што се случило всушност?

С – јас откако го оставив се шетав, вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел, имам каде бев

О – како дознавте што се случило?

С – кога се вратив во хотелот мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, што е ова да не го местат, јас на почеток не знаев што го местат, после гледам изјава на министерот Спасовски, видов хаос, се онесвестив да ви кажам право во хотелот

О – откога дознавте дали се слушнавте со Палевски?

С – мислам дека не

О – му се јавивте ли да го прашате за тоа што дознавте?

С – може имаше и повик, што е ова сите тебе што те потенцираат дека е ова и мислам дека тогаш ми рече ова е тешка местенка и се изгуби од тогаш комуникацијата, сачекуша голема, така рече

С – прво мене ме замоли да го однесам во болница, да го почекам и да го вратам, ама кажав дека не можам морам да се вратам да си ги земам децата од градинка

О – каде да го носите, каде е болницата?

С- не знам јас го одбив

О – возилото е ваша сопственост?

С – не, на компанијата

О – кога стигнавте во државава?

С – 11-12 на четврти

О – одевте ли често во штабот кај Веро Џамбо?

С – дали имам отидено три-четири пати

О – познато ли ви е дали Палевски имаше пиштол?

С – од медиумите дознав дека му е одземен пиштол, јас немам видено

О – дали во штабот имате забележано радио врси?

С – не

О – дали во штабот имате забележано вреќи за спиење?

С – не

О – додека бевте заедно со Палевски надвор од Македонија, сакаше ли да патува кон Белорусија?

С – на доручекот разгледуваше опции, рече не знам овие што ми смислиле, може треба да размислувам за политички азил

О – го прашавте ли дали ќе се одржи годишнината од партијата?

С -тоа е 12.12 он имаше план да се врати до тогаш

О – кажа дека ќе дојде?

С – да, кога претпоставувам беше во паника, кога разгледуваше за Белорусија реков што се глупираш, рече не знам што ми смислил Оливер Спасовски, мислам можеби опција е и да барам политички азил, рече да се договорам да не ме задржат во Турција во притвор како во Србија и ќе дојдам да ја расчистам работа,а еве таму им е се нека земат што им треба

О – дали Палевски додека бевте во Турција се слушна со Васко Стојков?

С – во неделата дознаа дека разговарал со Васко и он го информирал за случајот, ама не разбрав дека го бараат него, дека таргет е он

О – дали пред Вас разговараше со Васко стојков за тоаа каде бил на 27.11.2023?

С -не

О – рековте беше нервозен?

С – беше нервозен, јас возев брзо, рече да стинеме во агенцијата за куќата да не закаснеме

О – причина за одење во Ниш е состанокот во осум, вечерта се откажува состанокот, се појавува проблемот со кичмата, дали вие сведочевте на разговор со кој Палевски го откажува состанокот закажан за утредента во Ниш?

С – не

О -рековте дека Палевски разговара на телефон постојано, познато ли ви е кој интернет го користи?

С – кога бевме во Србија имаше српски број, а низ Бугарија немаше никаков интернет, само на бензинската после Пловдив го искористи мојот телефон за да се јави кај Влатко, да види што прават со Хера (кучето)

О – на кои апликации комуницираше додека трае возењето во Турција?

С- претежно Телеграм, не знам за друго

О – дали пред вас се одвиваше разговор меѓу Палевски и Велибор?

С – да, на бензинска пумпа, разговорот беше во врска со сместувањето, мислам дека тоа сместување Велибор го најде, во куќата во Турција

О – кој ден се случува овој разговор?

С – во саботата, на бензинска пумпа во Турција, не знам точно време

О – кога дознавате сабајлето на 03.12 дека Палевски ве информира дека пикап е собран од партијата, дали Палевски ве информира дека полицијата и него го бара?

С – немав таква информација, само ми кажа дека го лепат ова на мене, не се сеќавам дали ми кажал

ВКРСТЕНО ПАЛЕВСКИ

П – спомнавте околу потпишување договор за закуп за куќата, кажавте цена на куќата, дали се сеќавате дека дадов мој пасош за да се направи договор?

С – да, дадовте пасош и плативте пари и направија копија од пасош

П – значи ли тоа дека куќата е земена на име и презиме на Палевски?

С – вас ви земаа копија од пасошот, а пошто не сте државјанин во Турција, не знам на чие име

П – дали при патувањто во Бугарија ве терав да возите по некакви споредни, несекојдневни патишта?

С – не, воопшто не

П -дали одевме по регуларен автопат?

С -да, само во Пловдив од маглата испаднавме на регионален пат, моја грешка е тоа

П – спомнавте и дека на бугарска граница сум требал да оставам податоци, дали објаснив за што се работи?

С – да, рече има спор во Хрватска, за да имаат адреса

П – спомнавте дека сум бил блед и дека ова што се случува во Македонија ми го лепат, прашањто е дали вас ви изгледав сомнително, дали верувате дека би ја убил Вања?

Судија – не се дозволува прашањто

П – дали моето однесување прејудицира дека јас сум виновен?

с- и јас би бил блед ако некој ми лепи таква работа

П – кажавте дека се знаеме од 2017 година, дали верувате дека сум го сторил ова кривично дело?

Судија – не се дозволува прашањето

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОБВИНИТЕЛСТВО

О – дали му предложивте на Палевски да се врати во Македонија да се расчисти ова бидејќи вели дека му го лепат ова?

С – на самиот доручек му реков дека треб да си ја расчисти, рече да, ќе дојдам само ќе видам како ќе биде моето враќање назад

О – дали откога се вративте во Македонија имавте контакт со лицето Хусеин?

С – не

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведоштво на човекот кој го однесе Палевски…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во…

Германија ги предупредува граѓаните за можен почеток…

Германските граѓани се предупредени да се подготват…

Мицкоски и се јавил на Шекеринска, најави…

Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк,…

Мицкоски за војната во Украина: Очекуваме час…

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на…

По САД, и Шпанија ја затвори амбасадата…

Шпанската амбасада во Киев објави дека „нема…