“Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов”: 96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков
Денеска се навршуваат 96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков.
Мисирков е македонски филолог, се смета за кодификатор на современиот македонски јазик бидејќи токму тој ја поставил основата, одбирајќи ги дијалектите на линијата Велес-Прилеп-Битола-Охрид како најсоодветни за основа на стандардниот македонски јазик.
Мисирков е и славист, историчар,етнофраф, публицист но и аналитичар особено заинтересиран за македонското национално прашање.
Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.
Во продолжение дел од неговите гледишта и ставови за Македонија, Македонците, македонскиот јазик.
„Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив.
Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада.
Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.“
„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.
Вечна слава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…
(Видео)Средба Ковачевски-Петков во “искрена и отворена” атмосфера
"Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков…
(Видео) Идентитетот бетон: Му се лизна „Македонка“…
Во интервју за Сител бугарскиот премиер Кирил…