Светиот маченик Севастијан и другите со него
Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји.
Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години. Пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар. Го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“.
Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…