Светот “се крсти” во Ердоган: Турскиот претседател утре ќе ги смирува Путин и Зеленски
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека има намера утре телефонски да разговара со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
– Се разбира, Русија нема да гледа позитивно на тие работи (приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО). Русија, пред сè, е загрижена за финското прашање. Зошто? Затоа што ова е погранична земја и затоа не го поддржува членството на Финска во НАТО. Всушност, Русија не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО, изјави Ердоган пред новинарите по враќањето од посетата на Азербејџан.
– Сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши со мир што е можно поскоро, но се чини дека настаните се развиваат негативно од ден на ден, рече Ердоган.
– Во понеделник ќе имам телефонски разговори со (претседателот) на Русија и (претседателот) на Украина. Ќе продолжиме да ги повикуваме страните да ги користат каналите на дијалог и дипломатија, посочи турскиот лидер.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руските медиуми потврди дека разговорот на Путин со Ердоган е планиран за утре
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…