Светската програма за храна при ОН: Следи глад
Светската програма на ОН за храна (WFP) соопштила дека луѓе ширум светот ќе гладуваат доколку украинските пристаништа на Црното море наскоро не се отворат.
„Мораме да ги отвориме овие пристаништа за храната да може да влегува и излегува од Украина. Светот тоа го бара бидејќи стотици милиони луѓе ширум светот зависат од овие резерви“, рекол извршниот директор на “WFP” Дејвид Бизли, пренесува “BBC”.
„Моментално украинските силоси за жито се полни“, истакнал тој.
“WFP” е загрижен дека нема да има место за складирање ова лето доколку силосите не се испразнат, нема да има место да се складираат новите резерви, со што ќе се создаде нова количина на отпад и цената на храната дополнително ќе порасне.
Организацијата за храна и земјоделство при ОН проценува дека 25 милиони тони житарки моментално се наоѓаат во Украина додека нејзините црноморски пристаништа се затворени.
Од февруари Украина, еден од водечките светски произведувачи на пченка и пченица, не е во можност со возови да ги извезе житарките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски…
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“,…