Објавено на:

Светската трговска организација ги промени прогонозите: Предвиден многу помал раст на глобалната трговија

t

Светската трговска организација (СТО) ја намали прогнозата за раст на глобалната трговија за 2022 година поради воената операција на Русија во Украина и нејзините непосредни последици – санкциите кон Русија.

Иако претходно беше поставена на 4,7%, прогнозата за глобалниот раст беше речиси преполовена оваа недела на 2,5% поради „влијанието на војната и поврзаните политики“, изјави за Би-Би-Си генералниот директор на СТО, д-р Нгози Оконџо-Ивеала.

Според официјалниот претставник, додека Русија и Украина сочинуваат само околу 2,5 отсто од глобалниот извоз на стоки, тие се „многу, многу значајни во одредени сектори“. На пример, двете земји традиционално се нарекуваат светска кошничка за леб, бидејќи тие се главни извозници на жито, особено на пченица и пченка.

Оконџо-Ивеала предвидува дека глобалната економија „ќе претрпи некои тешки последици“, при што посиромашните држави најверојатно ќе страдаат најмногу од „ограничувањата на снабдувањето со храна“ поврзани со Украина, што неизбежно ќе ги зголеми цените.

„Мојата грижа е дека имаме криза со храна која се подготвува… Навистина сум загрижен поради претстојниот глад, особено во сиромашните земји кои најмалку можат да си го дозволат тоа“, рече претставникот.

Според Африканската банка за развој, многу африкански нации забележале пораст на цените на храната за 20% до 50% во изминатиот месец.

Освен храната, трошоците за други производи се во пораст во последните пет недели, при што играчите на пазарот се загрижени дека економските санкции со кои се соочува Русија ќе доведат до прекини во снабдувањето. Металите, ѓубривата и енергетските носачи достигнаа рекордно ниво откако започна операцијата во Украина. Ова само ги додаде проблемите предизвикани од пандемијата Ковид-19, кои вклучуваат проблеми со синџирот на снабдување и инфлација. Шефот на СТО вели дека ситуацијата најверојатно нема да се подобри во блиска иднина.

„На краток до среден рок, мислам дека ќе видиме дека овие инфлациски притисоци ќе продолжат“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Доверената организација на Самитот на ОБСЕ…

Степенот на безбедност во Скопје, за денешниот…