Светска банка: Македонија ќе има најмал економски раст во Западен Балкан

t

  Македонија ќе има најмал економски раст наредниот период во регионот на Западен Балкан, стои во извештајот на Светска банка кој беше презентиран денес. Проекциите на Светска банка не се оптимистички па затоа се изразува и загриженост за буџетскиот дефицит, здравството и образованието и корупцијата, пишува ГЛАСОТ НА АМЕРИКА НА МАКЕДОНСКИ.

Оваа година според Светска банка, Македонија ќе заврши со раст од само 1,8 отсто наместо проектираните 2,5 отсто напролет. Намалувањето се должи бидејќи нема реализација на Коридорите 8 и 10Д но и проблеми во енергетиката.

„Ако се сеќавате проекцијата беше 2, 5 проценти и надежта беше дека двата автопати ќе започнат, но сега сме на средината на октомври така што немаме многу време има одредени структурни прашања со процесот на јавни инвестиции тие се многу бавни, а во случајот со Македонија многу повеќе време толку што би се очекувало. Цените на храната повторно се зголемуваат. Постои проблем и со хидрологијата што се рефлектира во енергетскиот сектор. Германија е во рецесија, а 40 отсто од извозот на Македонија е во Германија“, изјави Сања Маџаревиќ – Шустер од Светска банка.

Предвидувањата на Светска банка се дека инфлацијата во периодот кој следи ќе се намалува и во 2026 година ќе биде 2 проценти.

Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во 2025 година ќе достигне 3,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвидувањата дадени во пролетното издание на извештајот. Растот во 2024 година се очекува да достигне 3,3 отсто, што претставува зголемување за 0,1 процентен поен од претходните проекции.

Со најголем економски раст ќе бидат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ина Многуфина: “Албанија е запад за нас”…

"Албанија е запад за нас" не е…

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани

Земјотрес со јачина до 3.8 степени според…

На „Табановце“ зголемена фреквенција на возила и…

На граничниот премин Табановце за излез и…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…