Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот, тврди Филипче

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „Канал 5“ покажа документ според кој претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови во споредба со кредитот што актуелната влада го договори со Унгарија.

„Во стратешката рамката за партнерство на Светска банка со Република Северна Македонија 2024-2028 година меѓу другото стои и ставка за локални патишта и за локални општински работи за кои се одвојуваат 75 милиони долари. Зошто некој би преговарал како опозицијата, под целосно нетранспарентни услови, кога истите тие пари како континуитет на систем на заеми и работа со општините практично ги има државата преку Светска банка“, праша Филипче и додаде дека „времето ќе покаже кои се бенефитите за Мицкоски и за Орбан од овој кредит“.

Планираниор заем од Светската банка, според Филипче, бил со многу пониска каматна стапка од кредитот од Унгарија. Тој ги критикуваше властите за тоа што не постојат никакви контролни механизми, ниту во законот ниту во договорот, за заемот од Унгарија.

„Во Законот за заем, во член 1 пишува дека Владата на Република Северна Македонија се задолжува кај унгарската Експорт-импорт банка со заем во износ од 500 милиони евра за буџетско финансирање и за финансирање на општи цели. Никаде не стои општини, ниту се наведени компании. Ние не знаеме за што се наменети тие пари“, рече Филипче.

Според Филипче, иронична е ситуацијата во која претседавачот со Европската Унија Унгарија и премиерот Орбан ја посетуваат земјата во време кога премиерот Мицкоски јавно изјавува дека Северна Македонија нема да ги продолжи преговорите со ЕУ.

„Сите ветувања на Мицкоски за подобрување на преговарачките позиции беа лажни, и сега тоа се потврдува. Единствената тема на која ќе разговараат Орбан и Мицкоски се зделките поврзани со кредитот од Унгарија“, рече лидерот на СДСМ, кој меѓу другото праша и „кои се приватните релации на Мицкоски со фактори од Унгарија, земја со која досега сме немале никакви релации како држава, и поради кои Северна Македонија влегува во лош „дил“ со кој се задолжуваат идните генерации“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…

(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…

Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв…

Димитар Ковачевски треба да се извини за…