Светска банка ќе ѝ помага на Украина со дополнителни 500 милиони долари
Светската банка соопшти дека исплатила дополнителни 500 милиони долари за да и помогне на Украина да ги исполни итните потреби за трошоци предизвикани од војната, пренесе Ројтерс.
Финансирањето од Меѓународната банка за обнова и развој, е поддржано со гаранција за заем од 500 милиони долари од Велика Британија објавена на 30 септември, пренесува Ројтерс.
„Руската инвазија продолжува да предизвикува масовно уништување на инфраструктурата на Украина – вклучително и водоводната, канализационата и електричната мрежа, токму кога се приближува зимата, дополнително загрозувајќи го украинскиот народ“, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.
Во соопштението се наведува дека новиот дел од финансирањето што е исплатено ќе се користи за одржување на државните услуги.
„Ние цврсто го поддржуваме украинскиот народ додека се соочува со оваа криза без преседан“, се вели во соопштението.
Светската банка мобилизираше вкупно 13 милијарди долари вонредно финансирање за Украина, од кои 11,4 милијарди долари се целосно исплатени.
Во извештајот објавен во септември на Светската банка, Европската комисија и владата на Киев, се наведува дека рускиот напад до 1 јуни предизвикал штета од над 97 милијарди долари, а обновата на Украина би можела да чини речиси 350 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…