Светски ден на борба против ракот: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

t

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови.

Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови.

- Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхии и бели дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот, и токму на Светскиот ден за борба против ракот, уште еднаш апелираме на важноста од донесување на новиот предлог-закон за заштита од пушењето, со цел заштита на здравјето на сите граѓани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Покрај употребата на тутун, други ризик фактори за малигни заболувања се и прекумерна дебелина, употреба на алкохол, недоволна физичка активност, неправилна исхрана.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број починати лица од малигни неоплазми во 2024 година изнесува 3.958, од кои 2.325 се мажи,  а 1.633 се жени. Во истата година, бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 години е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светски ден на борба против ракот: Пушењето…

По повод Светскиот ден за борба против…

Чарлс III откри нови детали за својата…

Британскиот крал Чарлс III со британската нација…

Да му помогнеме на Божидар: 12-годишното момче…

Божидар Коцевски има само 12 години, а…

Русија воведува вакцина против рак

Првите пациенти ќе ја примат вакцината против…

Научници од Флорида: Еден чекор сме поблиску…

Научниците од Универзитетот во Флорида се еден…