Објавено на:

Светски икони – мода, филм, музика, стил: Мерлин Монро – божица на гламурот и сексипилот

t

Денес се присетуваме на првите икони од светот на филмот, музиката, модата, уметноста и јавниот живот воопшто, како што се Марлен Дитрих, Кетрин Хепберн, Грета Гарбо, Одри Хепберн, Грејс Кели, Мерилин Монро, Енди Ворхол, Елвис Присли, Џим Морисон, френк Синатра и др. Подоцна следуваа Жаклина Кенеди, Мадона, Синди Крафорд, Џон Ленон, Фреди Меркјури, принцезата Дијана…. Сите тие со својот стил на облекување и начин на живеење и денес ги инспирираат дизајнерите и жените од целиот свет. Да се има стил значи да се има индивидуалност, самоувереност и сопствен став. Елеганцијата не е етикета. Тоа не е нешто што можеш да го најдеш во својот орман. Елеганцијата или ја имаш или ја немаш. А тие, дефинитивно, сите имаат елеганција, стил и нешто многу повеќе од тоа.

Тие се најголеми модни икони, кои со својата посебност создаваа сопствени стилови. Со начинот на живот и стилот на облекување ги поместуваа општо прифатените граници и создаваа модни правила од кои беа фасцинирани стотина илјади жени, но истовремено и инспирираа цела војска на дизајнери. Така Салваторе Ферагамо изработуваше десетина пара чевли за Одри Хепберн, за чија пак облека и стил на облекување и однесување задолжени беа Коко Шанел и Живанши. Мадона се прослави со модните фантазии на Жан Пол Готје, но и тој се прослави со Мадона. Индивидуалноста и посебноста и денес се на цена, особено во светот на модата и шоу бизнисот. Сепак, тајната не е само во бојата на косата, убавото лице или елегантната става, туку во способноста од несоодветното да се создаде сензационалност. Серијалот го започнувам со безвременската и неповторлива Мерлин Монро(ММ)

И шеесет години по нејзината смрт, Мерилин Монро остана една од најголемите(ако не и најголема) икони на планетата. Оваа русокоса беше еден од првите секс-симболи во светот. Како неодолива и неверојатно привлечна, се покажа фатална за многу мажи. Главните нејзини адути беа: фигурата, прославената фризура, карминот, заведувачкиот поглед и сексапилот што просто бликаше од неа.

Мерилин Монро е врвна актерка, шармантна и заводлива забавувачка, жена со харизма, која одамна прерасна во сексапил и еротизам. Уште на почетокот на својата актерска кариера во филмот Џунгла на асфалтот, филм на ненадминливиот Џон Хјустон, добива улога на убава наивка во чиј изворен еротизам можеше да се насети харизмата на идната ѕвезда. Потоа ѝ се случи култниот филм Нијагара, на режисерот Хенри Хатавеј, во кој таа од широката публика е доживеана како нова еротска божица, со тенденција да ги засени и да ги надмине сите останати ривалки.
Тоа и се случи! Таа, со остварувањето на улогата во Нијагара, и со целиот перформанс во филмот и по него, го врати култот на традиционалната заводница fame fatale. Сепак, следуваа комедиите Мајмунска работа и Мажите повеќе ги сакаат русокосите, на режисерот Х.Хокс, во кои таа покажа дека има извонредно чувство за хумор. Истовремено навести дека умее вешто да го пародира гламурот на еротските божици, чиј симбол беше таа, факт што го докажа и потврди со актерските перформанси во филмовите Седум години верност и Некои тоа го сакаат жешко, на режисерот Б.Вајлдер.

И сега навистина, која е ММ? Што таа симболизира?

Има ли таа вредности? И доколку има, кои се тие? ММ е жена мистерија.

аа е најголем и ненадминат секс-симбол на 20 век. Светски писатели беа вљубени во неа(Хенри Милер), врвни бејзбол играчи ја обожаваа(Џо ди Маџо), а големи претседатели беа фасцинирани од неа(Џон Кенеди), но и залудени по неа.Тоа едноставно мораше да се случи. Сите ги освојуваше и излудуваше до максимум со непосредноста и природноста на нејзините слоумоушн воздишки, а со нејзините немири и соништа создаваше експлозија на восхит кај мажите, а жените сакаа едноставно да бидат во сè исти како неа.

Платинестата коса, насмевката, црвените усни и телото беа нејзините заштитни знаци. Со платинеста коса, изразени усни со црвен кармин и сензуално тело претставуваше отелотворение на холивудскиот гламур и секс-симбол, а тоа е и денес. Со своето облекување и однесување таа секогаш ги нагласуваше женственоста и сексуалноста. Успеваше и сè уште успева да го маѓепса секој маж на планетата со својот сексапил и допадливоста која зрачеше од неа. Девојка која знаеше како да ја искористи својата сензуалност и да го овековечи името како филмска икона.

Икона за сензуалност, женственост и убавина.Секс-симбол непоматен во славата и четириесет години по нејзината смрт. Жена многу повеќе од секс-симбол. ММ го фасцинираше светот со својата раскошна фигура, прекрасно извиткана платинесто-блонд коса и харизматична личност. Контроверзна, но храбра жена која не се плашеше да ја покаже својата женственост.

Прва девојка од насловната страница на Плејбој, која стана икона на стилот за жените и жена од соништата за мажите. Подоцна нејзиниот лик го презеде Мадона, а своите женски атрибути по пример на неа често ги истакнуваа и Рене Зелвегер и Анџелина Џоли. Подигнатата бела сукња на Мерлинка со топол зрак што струи е најсекси филмска сцена во историјата на кинематографијата.

Жена мит, убава приказна, возбудлива, но и трагична. Неповторлива. Безвременска икона што се сака и респектира.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…