Светски икони – мода, филм, музика, стил (20.) Боб Марли: музичка легенда која пееше за мир, слобода, љубов…

t

Исправи се… и бори се!
За тебе се работи!
Боб Марли

Оваа моја колумна има двојна посвета: На “простакот“ Димитар Ковачевски, кој навредува дами и нема храброст да се извини како вистински џентлмен, па еве му прилика да се спаси од злото од кое е обземен, учејќи од легендарниот и неповторлив Боб Марли. И секако на сите луѓе кои ја сакаат слободата, го слават мирот, уживаат во убавото и љубовта. А поезијата и музиката на овој музичар, филозоф и борец за човекови права и мир се токму тоа.

Боб Марли беше и остана најхаризматичен музичар на сите времиња. Позади митот за кралот на регето можеме да ја видиме приватната страна на човекот кого вистински го познаваа многу малку луѓе. Многу нешта во врска со него остана таинствено. Боб Марли потекнува од Јамајка, а беше славен низ Африка и целиот свет. Во Африка го сакаа како апостол на африканското обединување, а го перцепираа како харизматичен музичар, забавувач, композитор, поет и филозоф чија основна страст се засноваше врз корените од континентот во кого се создадени музичкиот африкански ритам и секако тапанот кој зборува.

Тој беше човек кој имаше цврста намера и желба да го сузбие злото и да ги обедини сите луѓе. Во секоја прилика изјавуваше дека постои само една работа која сака да ја доживее и виде со свои очи. Со целиот капацитет на своето срце и со најдлабоките дамари на душата посакуваше човековиот род да живее заедно-црни, бели, Кинези, сите заедно. Овие свои животни идеали и цели најдобро ги остваруваше преку својата музика. Беше крал на реге музиката, музика со која ги раздвижи луѓето безмалку на сите континенти. Заслужен е што реге звуците и реге ритамот станаа мејнстрим во музиката.

А тој, Боб Марли, израсна во светски симбол на мирот, љубовта и мирната револуција. И навистина колку и да бараме низ историјата на музиката, популарна или сериозна, невозможно е да се пронајде личност, како што е Боб Марли, чии дело и живот се споени во единствена порака силно издигната над тривијалноста на потрошувачкиот хедонизам. Тој до последниот свој здив се бореше за својата уметничка и музичка визија, но истовремено неуморно се залагаше за остварување на човековите права на потчинетите и сиромашните.

Боб Марли никогаш не го бираше полесниот пат. Затоа на својот краток, но бурен и живописен пат стана и остана вечен симбол на движењето за човечки права и залагањето за светски мир. Најмоќни пораки испраќаше преку своите песни. Најславниот син на Јамајка сакаше пораките за љубов, единство и еднакви права за сите, вткаени во неговите песни да допрат до целиот свет.

Така во песната “Една е љубовта“ ни порачуваше: “Љубовта е една! А што е со срцето? Едно е и срцето! Па што ќе правиме тогаш? Да се собериме и здружиме и да ни биде добро…… И веќе се чувствувам подобро. Ајде да се собереме луѓе на добрата воља! Засекогаш заедно, ќе бидеме со добра воља“.

Кога пак сакаше да ги поддржи и мотивира слабите, онеправданите и угнетуваните, им пееше: “Стани, живеј, бори се, не потклекнувај. Одиме сега сите заедно! Стани, живеј, бори се, не потклекнувај!…. “. Можеби најјаки пораки испрати до широките народни маси кога пееше против војната. Тој пееше дека се додека филозофијата која една раса ја одржува супериорна, а друга инфериорна, не биде конечно и засекогаш дискредитирана и отфрлена, секогаш имаме војна. Пееше дека имаме војна на истокот, војна на северот , војна на западот и војна на југот. И само вести за војната.
Во себе го носеше теретот на пророштвото и затоа велеше дека се дотогаш додека афричкиот континент не доживее мир, африканците ќе се борат за него. Истакнуваше дека тоа е неопходно и имаше визија дека тоа ќе се оствари. Беше убеден во конечната победа на доброто против злото. Такви беа неговите најсилни музички пораки кои прераснаа во филозофија која се залагаше за ненасилно преуредување на состојбите во светот, мирна, тивка, ненасилна револуција.
Инаку, тој беше и многу скромен човек. Кога го прашуваа за неговиот живот и животниот стил што го практикува тој едноставно одговараше: ‘’Во училиштето учителот велел дека кој знаел да пишува, тој пишувал, Кој пак знаел да пее, тој пеел. Така јас пеам.’’

На крајот само можем да истакнам дека Боб Марли, неговите песни и неговата поетика ја одбележаа историјата на музиката. Списанието ‘’Тајм’’, албумот ‘’Егзодус’’ го прогласија за најдобар албум на 20-от век. Би-Би-Си пак песмата ‘’One Love’’ ја избра за песма на милениумот. Според списанието ‘’Roling ston ‘’ на листата 100 најзначајни уметници, Боб Марли е вреднуван на единаесето место, а поезијата на овој музичар според Би-Би-Си е вреднувана на трето место, веднаш после легендите Боб Дилан и Џон Ленон. Обожаваната бренд-икона Боб Марли, дефинитивно беше во право кога во стил на пророк предвиде дека неговата музика ќе биде вечна. Денес, регето живее во секој од нас.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуџдемон се врати во егзил во Белгија

Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемон, кој…

Му се заканува казна до 60.000 евра:…

Совршено зачуваните улици и сè уште постоечките…

Американците преку Франција до златен олимписки медал…

Тимот на САД ја продолжи легендата на…

Рускиот милијардер жестоко го критикуваше Путин: Најхрабра…

Рускиот олигарх Олег Дерипаска ја нарече војната…

Тројца германски пливачи на отворени води се…

Тројца германски пливачи на отворени води се…