Свештеник за поплавите во Босна: Несреќа од библиски размери

Од сите места погодени од поплави и одрони во Федерацијата БиХ, најкритично е во Јабланица. Најголем проблем е непристапноста на теренот, бидејќи Јабланица е затворена од сите страни. Во моментов може да се пристапи од Коњиќ и последните информации се дека тој дел од патот е ослободен за минување. Сè уште е невозможно да се стигне таму од правец на Мостар – изјави за Спутник таткото Којиќ.
Отец Душко Којиќ, старешина на соборниот храм Света Троица во Мостар, ни сведочи дека ситуацијата е доста драматична, дека луѓето се исплашени, а и онака тешката состојба дополнително ја влошува земјотресот што ги погоди. Се најавуваат нови врнежи и состојбата е целосно неизвесна.
Што се однесува до нашите верници, сите се засегнати, некој помалку, некој повеќе. Ова е навистина тажна ситуација и несреќа од библиски размери ја снајде цела Јабланица, изјави отец Којиќ за Спутник.
Потврдува дека има многу жртви, но вели дека не сака да лицитира со бројки. Официјалната бројка е петнаесет мртви, но не треба да се заборави дека има многу исчезнати, а се уште не се пронајдени, односно прогласени за жртви. Никој, вели тој, не може да предвиди колкав ќе биде конечниот број на жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
Поплави во Велика Британија – автомобили се…
Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…
Во Шпанија спасена жена која три дена…
Жената која три дена била заробена во…
Над 200 загинати досега во поплавите во…
Бројот на загинати во поплавите што ја…
Реал Мадрид донира еден милион евра за…
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…